1 Ездра 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Покајничката молитва на Ездра.

1Откако се сврши тоа, началниците се приближија до мене и рекоа: »Народот Израилев и свештениците и левитите не се одвоија од другоплеменитите народи поради нивните гнасотии, од Хананејците, Хетејците, Ферезејците, Јевусејците, Амонитите, Моавците, Египтјаните И Аморејците,

2зашто зедоа нивни ќерки за себе и за синовите свои, светото семе се смеша со друго племени народи, а при тоа раката на кнезовите и војводите беше прва во тоа беззакние.«

3Откако ги чув тие зборови, ја раскинав долната и горната своја облека, ги кубев косите на главата своја и на брадата своја и седев нажален.

4Тогаш се собраа кај мене сите, што се уплашија од зборовите на Бога Израилев поради престапите на преселниците, и јас седев тажен до вечерната жртва.

5А во време на вечерната жртва станав од местото на моето тагување и со раскината долна и горна облека паднав на колена и ги кренав рацете кон Господа, мојот Бог,

6и реков: »Боже мој, срам ми е и страв ми е да го покажам моето лице кон Тебе, Боже мој, зашто беззаконијата ни се натрупаа до над главата, и вината ни нарасна до небесата.

7Од дните на татковците наши до денес ние сме во голема вина, и поради нашите беззаконија бевме предадени ние, царевите наши, свештениците наши, – во рацете на другоземни цареви, на меч, во пленство, на грабеж и навреди, како што е и сега.

8И ете, по малку време, ни се дарува милост од Господа, нашиот Бог, кој остави кај нас спасение и ни даде да се утврдиме во местото на светињата Негова; ни ги просвети очите нашиот Бог и ни даде да здивнеме малку од ропството свое.

9Ние сме робови, но и во ропството нашиот Бог не ни остави. Он ја приведе кон нас милоста на персиските цареви, за да се соживееме, да го подигнеме домот на нашиот Бог, да го обновиме од урнатините негови а ни дадоа ограда во Јудеа и во Ерусалим.

10А сега, што да кажеме, Боже наш, потоа? Зашѕо ние отстапивме од Твоите заповеди,

11што ни ги даде преку Твоите слуги, пророците, велејќи: ‚земјата, во која одите, за да ја завладеете, е земја нечиста; таа е извалкана од нечистотиите на друго племени народи, со нивните гнасоотии, со кои ја наполнија од крај до крај со своите нечистотии.

12Затоа не ги давајте ќерките свои за синовите нивни, и ќерките нивни не ги земајте за синовите свои, и не барајте го мирот нивни, ниту благата нивни до века, за да се утврдите и храните со благата на таа земја и да ја предадете во наследство на синовите свои до века.‘

13И по си она што ни снајде поради лошите дела наши и поради големата вина наша и, – зашто Ти, Боже наш, ни поштеди не според беззаконието наше, туку ни даде такво избавување, –

14зарем пак ќе ги нарушуваме Твоите заповеди и ќе влегуваме во родство со тие одвратни народи? Нема ли да се разгневиш на нас дури до погубување, така што да нема живи и да нема спасени?

15Господи, Боже Израилев! Ти си праведен, зашто ние бевме нажалени до денес; и еве, ние сме во беззаконијата свои пред Твоето лице, макар што по тоа не би требало да стоиме пред Твоето лице.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help