Јудита 3 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Приморските градови молат за мир.

1Затоа му испратија гласници со мирољубиви предлози, кои велеа:

2»Еве, ние, слугите на големиот цар Навуходоносор, паѓаме ничкум пред тебе, прави со нас што сакаш.

3Нашите куќи, нашите места, сите ниви со пченица, стадата наши и добитокот и сите наши живеалишта: служи се со нив како што сакаш.

4Еве, и градовите наши и нивните жители се твои слуги: дојди и направи со нив сѐ како што ти е угодно пред твоите очи.«

5Дојдоа луѓе при Олоферна и му ги соопштија тие пораки.

6Тогаш отиде тој во приморските страни со својата војска, ги заобиколи со стража нивните градови и одбра од нив силни мажи за свои војници.

7А тие и целата нивна околина го пречекаа со венци, радосни извици и тимпани;

8тој им ги разурна сите тврдини и им ги исече нивните свети шуми; нему му беше заповедано да ги уништи сите божества на таа земја, па сите народи да му служат само на единиот Навуходоносор: сите народи и сите племиња да му се обраќаат како на бог.

9Кога дојде спрема Ездрилон, близу Дотеја, кој е кај големата Јудејска клисура,

10тој се логори меѓу Гавај и градот на Скитите и остана таму цел месец, за да ја собере целата комора на својата војска.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help