2. Макавејска 13 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Менелаевата смрт.

1Во сто четириесет и деветтата година слушнаа оние што беа со Јуда дека Антиох Евпатор доаѓа против Јудеја со голема војска,

2а со него и Лисиј, настојник и државен управител и дека И едниот и другиот имаат елинска војска од сто и десет илјади пешаци, пет илјади и триста коњаници, дваесет и два слона и триста бојни коли со коси.

3Кон нив бил придружен и Менелај, поттикнувајќи го многу итро Антиоха, не затоа што сакал да ја спаси татковината, туку се надевал да го добие наследството.

4Но Царот над царевите го поттикна гневот на Антиоха против престапникот, и кога Лисиј објасни дека Менелај е виновен за сите зла, тој заповеда да го доведат во Берија и да го погубат според тамошните обичаи.

5Во тоа место имаше една кула, висока педесет лакти, полна со пепел, а во неа направа, која се врти наоколу и потоа се спушта во пепелта.

6Овде го фрлаат оној што е фатен во кражба на свети предмети или оној што ја пречекорил мерката во други зла, и тука ја наоѓал својата смрт.

7Со ваква смрт му се падна на Менелаја да умре и да не биде погребан.

8Зашто, откако беше направил многу гревови против олтарот на Господа, чии оган и пепел се свети, во пепелот ја најде својата смрт.

9Меѓутоа, царот ожесточен во своите замисли, го продолжуваше својот поход со намера на Јудејците да им причини поголемо зло од она што им го беше причинил неговиот татко.

10Кога Јуда слушна за ова, тој му нареди на народот да се моли дење и ноќе, да го повикува името на Господа та и сега, како и пред тоа, да им ја даде Својата помош и во оваа опасност, за да не бидат лишени од својот закон, од татковината и од Светиот храм,

11да не го остави својот народ, кој малку се поуспокоил, одново да биде поробен од богохулните назнабошци.

12Сите еднодушно го направија тоа и три дена, едноподруго, со плач, пост и поклони непрестано Му се молеа на милосрдниот Господ; тогаш Јуда, откако ги охрабри, им порача да бидат приготвени.

13Штом останаа насамо со народните старешини, одржаа со нив совет и еднодушно решија, пред царската војска да навлезе во Јудеја и да го преземат градот, да излезат пред непријателите и со Божја помош, веднаш да ја свршат таа работа.

14Откако препушти Создателот на светот да се грижи за Своето дело, Јуда ги охрабри оние што беа со него – храбро да се борат за одбрана на законите, на храмот, на градот, татковината и граѓанските права, ја распореди својата војска околу Модин.

15Па штом им се обрати на своите луѓе со борбениот поздрав »Божја е победата!«, се спушти ноќе со одбор силни младичи кон царскиот шатор, уби четири илјади војници; неговите луѓе го прободоа со меч и најголемиот слон заедно со војниците што беа во куќичката врз него.

16Најпосле, откако со сета војска внесоа страв и смут, победоносно се повлекоа.

17Тоа стана на разденување, под Божја закрила.

18А царот, откако лично ја увиде јудејската храброст, се обиде со итрина да ги напаѓа нивните положаи.

19Се приближи до Ветсура, силна јудејска тврдина, но претрпе пораз и беше победен:

20а Јуда ги снабдуваше оние во тврдината со сѐ што им беше потребно.

21Некој си Родок од јудејската војска им ја открил таа тајна на непријателите, но тој бил пронајден, фатен и затворен.

22Вторпат влезе царот во преговори со жителите на Ветсура, им ја подаде својата десница, склучи со нив мир, а потоа се повлече и сврти против оние што беа со Јуда, но беше победен.

23Откако слушна дека Филип, кој беше оставен да управува во Антиохија, се одметнал, тој се вознемири и пак почна да преговара со Јудејците, ги прифати нивните услови и со клетва се обврза дека ќе ги исполни сите нивни справедливи барања; потоа принесе жртва, му даде дарови на храмот и покажа милост спрема градот;

24го прими Макавеја и го постави за намесник од Птолемаида до земјата на Геренците.

25Потоа отиде во Птолемаида, но жителите на овој град беа незадоволни од договорот, негодуваа против таквите услови и бараа да биде поништен.

26Тогаш Лисиј, откако се искачи на судиското место, го бранеше договорот што можеше подобро, па, откако ги увери жителите во неговата исправност, ги смири и потоа се врати во Антиохија. Така заврши војниот поход на царот и неговиот пораз.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help