1Хвалете Го Господа, зашто е добро да Му се пее на нашиот Бог, зашто на Добриот Му прилега похвала.
2Господ го гради Ерусалим и ќе ги собере расеаните синови на Израилот.
3Он ги изцелува скрушените по срце и ги преврзува раните нивни.
4Го определува бројот на ѕвездите и не сите им дава име.
5Велик е Господ наш и голема е силата Негова, а мудроста Негова – неизмерлива е.
6Господ ги прифаќа смирените, а грешниците ги понижува до земја.
7Пејте Му секогаш славословија на Господа: на гусле пејте Му на Нашиот Бог,
8Кој го покрива небото со облаци, подготвува дожд за земјата, прави да расте трева по горите и растенијата за полза на човекот,
9на добитокот му ја дава храната негова и на малите врани кога гракаат.
10На коњската сила не гледа Он, ниту Му е мила брзината на човечките нозе.
11Господ ги почитува оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат на Неговата милост.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
