Евреите 12 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Да се трпи гледајќи Го Исуса. Блажени сме во Господа кога гледаме на небесниот Ерусалим.

1Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нѐ окружува, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба,

2имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата – Исуса, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји.

3Помислете, пак, на Оној, Којод грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не опаднете духом!

4Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв,

5и сте ја заборавиле утехата, која вам, како на синови, ви зборува: »Сине мој, не презирај ја казната од Господа и не опаѓај со духот, кога те изобличува,

6зашто Господ го казнува оној, кого што го сака; го бичува секој син, кого што го прима«.

7Ако трпите казна, Бог со вас постапува како со синови. Зашто кој е тој син, кого што таткото не го казнува?

8Ако, пак останете без казна, во која сите станаа соучесници, тогаш сте деца незаконски, а не синови.

9Ако се плашиме од нашите татковци, кога нѐ казнуваат, тогаш колку повеќе треба да Му се покориме на Отецот на духовите, па да бидеме живи?

10Зашто тие нѐ казнуваа за малку денови, според тоа како им беше угодно; а Он – за полза, та да учествуваме во Неговата светост.

11Секоја казна однапред не се покажува дека е за радост, туку за жалост; но потоа на свикнатите на неа таа ќе им принесе мирен род на праведност.

12Затоа »исправете ги премалените раце и ослабените колена«,

13и со нозете свои »направете си прави патеки« та, она што е хромо, да не се отклони, туку поскоро да се исцели.

14Грижете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа:

15гледајќи, да не би некој да се лиши од Божјата благодат; да не би некој горчлив корен, штом изникне, да направи штета, и преку него да се осквернат мнозина;

16да не би меѓу вас да има некој блудник, или нечестивец како Исав, кој за една гозба се откажа од своето првородство.

17Зашто знаете дека тој и отпосле, сакајќи да го наследи благословот, беше отфрлен; бидејќи не најде место за покајание, иако го беше молел дури со солзи.

18Вие не пристапивте кон планината што може да се опипа и кон разгорениот оган, кон облакот, и темнината, и луњата,

19и кон трубниот звук, и кон гласот што зборуваше, чии слушачи молеа да не им се зборува веќе,

20зашто не можеа да го истрпат она, што им се заповедаше: »И ѕвер ако се допре до гората, со камења нека биде убиен.«

21И толку страшно беше она, што се гледаше, така што и Мојсеј рече: »Преплашен сум и треперам«.

22Вие, пак, пристапивте кон планината Сион и кон градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, и кон десетина илјади ангели,

23кон соборот и Црквата на првородените, кои се напишани на небесата, и кон Бога, Судијата на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совршенство,

24и кон Исуса, Посредникот на Новиот завет, и кон крвта за попрскување, која подобро зборува од Авеловата.

25Гледајте да не Го избегавате Оној, Кој зборува. Оти, ако не останаа неказнети оние, што му откажаа да му служат на оној, што зборуваше на земјата, а колку повеќе ние, кои се одвраќаме од Оној, Кој зборува од небесата,

26Чиј глас тогаш ја потресе земјата, и Кој сега ветува, зборувајќи: »Уште еднаш Јас ќе ја потресам не само земјата, туку и небото«.

27Зборовите »уште еднаш« означуваат дека колебливото, како затворено, ќе се измени, та да остане само неколебливото.

28И така, примајќи го царството непоколебливо, да ја пазиме благодатта, со која ќе Му служиме на Бога благоугодно со почит и во страв,

29бидејќи нашиот Бог е оган, што изгорува.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help