1И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
2»Еве го законот за лепрозен, кога се извршува неговото очистување: во денот кога треба да го доведат кај свештеникот.
3Свештеникот треба да излезе надвор од населбата, па ако увиди дека тој се исцерил од лепрата,
4да нареди за оној што се очистил да се замат две чисти живи птици, кедрово дрво, црвениот јаток и исоп.
5Потоа свештеникот да заповеда да се заколе една од приците над глинен сад, над изворска вода;
6и да ја земе живата птица, кедровото дрво, црвениот јаток и исопот, и да ги натопи нив и живата птица во крвта на птицата заклана над живата вода,
7и попрскувајќи го седумпати оној, што се очистил од лепрата, да го прогласи за чист, а живата птица да ја пушти в поле на слобода.
8Оној, што се очистил, да ги испере алиштата свои, да ја истриже сета коса, да се измие со вода, и ќе биде чист; потоа да влезе во населбата и да престои седум дена надвор од домот свој.
9На седмиот ден да се избричат сите влакна на главата, на брадата, на веѓите – сите влакна да ги избричат и да ги испере алиштата, потоа да го измие телото свое со вода, и ќе биде чисто;
10на осмиот ден да земе две машки јагниња, едногодишни, без недостаток, и една овца едногодишна без мана како и три десетини од ефа пченично помешано брашно со елеј, со лебен принос, и една мерка елеј.
11Свештеникот, што ќе го врши очистувањето, да го претстави оној што се очистува заедно со приносот пред Господа при влезот од скинијата на сведоштвото.
12И ќе го земе свештеникот едното јагне и ќе го приведе како жртва за престап, и мерка со елеј, а ќе го принесе тоа, положувајќи ги пред Господа;
13и ќе го заколе јагнето на она место, каде што се колат жртвите сепалеции поради грев, и тоа на свето место, зашто жртвата за грев како и за престап му припаѓа на свештеникот: тоа е светост над светостите.
14И свештеникот ќе земе од крвта на жртвата за престап и ќе го намаже крајчето од десното уво на оној кој се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога.
15Потоа свештеникот ќе земе елеј од чашата и ќе го излие во својата лева рака,
16Па ќе го натопи својот десен прст во елејот што му е во левата рака, и со прстот ќе попрска од елејот седумпати пред Господа,
17а со остатокот од елејот, што му е во раката, ќе го намачка крајчето од десното уво на оној што се очистува, и палецот на десната нога, и палецот на десната рака, на оние места каде што е крвта од жртвата поради престап.
18Преостанатиот, пак, елеј, што му е во раката на свештеникот, тој ќе го излие врз главата на оној што се очистува; и свештеникот ќе се помоли за него пред Господа.
19Потоа свештеникот ќе ја принесе жртвата за грев и ќе се помоли за оној што се очистува од гревот свој, а потоа ќе ја заколе жртвата сепаленица.
20и ќе ги принесе жртвата сепаленица и лебниот принос на жрвеникот пред Господа; потоа свештеникот ќе се помоли за него и тој ќе се очисти.
21Ако е, пак, сиромав и не е во можност, тој нека земе едно едногодишно јагне за она во што престапил, за да се помоли свештеникот за него, и еден десетти дел од ефа пченично брашно, помешано со елеј, како лебен принос, и една чаша со елеј,
22и две грлици или два млади гулаба, што ќе најде, – едната од тие птици да е жртва за грев, а другата како жртва сепаленица.
23На осмиот ден, за да се очисти, да му ги донесе тој на свештеникот при вратата од скинијата на сведоштвото, пред Господа.
24Свештеникот ќе го земе јагнето како жртва за престап и мерката со елеј, за да ги принесе, како жртва пред Господа.
25И, штом ќе го заколе јагнето како жртва за престап, свештеникот ќе земе од крвта на жртвата за престап и ќе го намаже крајчето од десното уво на оној, кој се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога.
26А од елејот свештеникот ќе излие во својата лева рака;
27и со десниот прст, од елејот што му е во раката, да попрска седумпати со прст пред Господа.
28И да го намаже свештеникот со елеј, од оној што му е во раката, крајчето на десното уво на оној што се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога, на она место каде што е крвта од жртвата за престап.
29Остатокот, пак, од елејот што му е во раката, да ги излие врз главата на оној што се очистил, и да се помоли за него пред Господа.
30Потоа нека ја принесе свештеникот едната грлица, или едниот млад гулаб, каков што ќе најде, оној, кој се очистува;
31едната птица жртва за грев, а другата жртва сепаленица заедно со лебникот принос; и нека се помоли пред Господа за оној, кој се очистува.«
32Тоа е законот за оној што добил лепра, а при чистењето нема доволно средства.
33И им рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејќи:
34»Кога ќе влезете во земјата Хананска, што ви ја давам да ја владеете, и испратам лепра во куќите што ќе бидат ваши,
35тогаш оној, чија е куќата, треба да отиде кај свештеникот и да каже – во мојата куќа се појави рана.
36А свештеникот ќе нареди куќата да се изпразни пред да влезе тој за да ја прегледа заразата, за да не стане нечисто сѐ што е во куќата, потоа свештеникот ќе влезе и ќе ја прегледа куќата.
37И тој, кога ќе ја прегледа раната и види дека заразата по ѕидовите на куќата се состои од зеленикави или црвеникави длабнатинки и по својот изглед се всадила во ѕидовите,
38тој, тогаш ќе излезе од куќата низ вратата, а куќата ќе ја затвори за седум дена.
39А во седмиот ден кога ќе се врати, и види дека заразата се проширила по ѕидовите на куќата,
40ќе нареди да се извадат камењата на кои има зараза, и да ги фрлат надвор од населбата, на нечисто место;
41а куќата одвнатре целата да ја истружат и струганиците да ги исфрлат надвор од населбата, на нечисто место;
42И да земат други камења и да ги стават на местото на извадените и со друга мачканица да ја измачкаат куќата.
43Ако заразата пак се појави и почне да се шири по куќата, откако се извадени камењата и куќата е истругана и премачкана,
44свештеникот, штом ќе влезе и види дека заразата се раширила по куќата, во таа куќа има лепра – нечиста е.
45Таа куќа да се урне, а камењата и дрвата и целата струганица од мачканицата на куќата да се изнесат надвор од населбата, на нечисто место.
46Оној што ќе влегува во таа куќа, додека е таа затворена, нечист ќе биде до вечерта;
47а оној што ќе спие во таа куќа да ја испере облеката своја и нечист да е до вечерта; а кој ќе јаде во таква куќа, и тој треба да ја испере облеката свој и нечист ќе е до вечерта.
48Ако, пак, свештенкот дојде и види дека заразата во куќата не се раширила, откако е куќата премачкана, нека ја очисти куќата, бидејќи заразата поминала.
49А за да ја очисти куќата, ќе земе две чисти живи птици, кедрово дрво, црвен јаток и исоп,
50и ќе ја заколе едната птица во глинен сад над изворска вода.
51Потоа тој ќе го земе кедровото дрво и исопот, црвеникот јаток и живата птица и ќе ги натопи во крвта од закланата птица и во изворската вода, и ќе ја попрска куќата седумпати,
52и ќе ја очисти куќата со крвта од птицата и со живата вода, со живата птица и кедровото дрво, со исопот и со црвениот јаток;
53потоа живата птица да ја пушти во полето на слобода, надвор од населбата, да се помоли за домот и домот ќе биде чист.
54Тоа е законот за секоја зараза од лепра и за друга проказа,
55и за лепра по облеката и по куќите, и за оток, и за лишај, и за пеги, –
56за да се знае кога се нечисти, а во кој ден ќе бидат чисти: ова е законот за лепра.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.