1И видов, ете на сводот, што е над главите на херувимите, нешто како камен сапфир, како нешто да прилега на престол, се гледаше над нив.
2И му зборуваше Он на човекот, облечен во ленена облека, па рече: »Влези меѓу тркалата под херувимите, земи полна рака рагорени јаглени од местото меѓу херувимите и расфрли ги врз градот.« И тој влезе пред очите мои.
3Херувимите, пак, стоеја од десната страна на домот, кога влезе оној човек, и облак го исполни внатрешниот двор.
4И славата Господова се подигна од херувимот на прагот од домот и домот се исполни со облак и дворот се исполни со светлина од славата Господова.
5И шумот од крилјата на херувимите се слушаше дури до надворешниот двор, како да е тоа глас од Бога Сесилниот, кога Он зборува.
6И кога Он му даде заповед на човекот, облечен во ленена облека, му рече: »Земи оган од местото меѓу тркалата, меѓу херувимите«, и кога тој влезе и застана меѓу тркалата –
7тогаш среде херувимите застана еден херувим, ја протегна раката своја кон огнот, што беше меѓу херувимите, и зеде, па му даде една рака на облечениот во бела лененна облека. Тој зеде и излезе.
8А под крилјата на херувимите се гледаа подобија слични на човечки раце.
9И видов: ете четири тркала до херувимите, по едно тркало до секој херувим, а тркалата имаа изглед како да се од каменот топаз.
10И сите четири по својот вид беа еднакви, како едно тркало да се наоѓаше во друго тркало.
11Кога одеа, одеа на сите четири страни; кога одеа не се свртуваа, но одеа кон она место, каде што им беше свртена главата; кога одеа не се свртуваа.
12И телото нивно и грбот нивни и рацете нивни, и крилјата нивни, и тркалата нивни наоколу беа исполнети со очи – сите имаа по четири тркала.
13Тркалата се викаа, како што чув, галгал.
14И секое животно имаше по четири лица: првото лице – лице херувимско, вторто лице – лице човечко, третото лице – лице лавовско и четвртото – лице орловско.
15Херувимите се подигнаа. Тогаш видов дека тие беа истите животни што ги видов при реката Ховар.
16Кога одеа херувимите, се вртеа до нив и тркалата; кога се подигаа крилјата нивни, за да се подигнат од земјата, тркалата не се одделуваа, туку беа при нив.
17А кога стоеја, стоеја и тие; кога ќе се подигнеа, се подигаа и тие, зашто во нив беше духот на животните.
18И славата Господова се подигна од прагот на домот, па застана над херувимите.
19И херувимите ги подигнаа крилјата свои и се подигнаа пред очите мои од земјата. Кога тргнаа, и тркалата беа до нив; па застанаа при влезот на источната врата од домот Господен, и славата на Бога Израилев беше над нив одозгора.
20Тоа беа истите животни, што ги видов во подножјето на Израилевиот Бог при реката Ховар. И јас разбрав дека тоа се херувими.
21Секој имаше по четири лица, и секој – по четири крилја, а под нозете слично на човечки раце.
22Лицата им личеа како на оние лица, што ги видов при реката Ховар – од ист вид, тие истите. Секој одеше право во оној правец, што беше пред лицето негово.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.