1Одмаздникот ќе добие одмазда од Господа, Кој не ги заборава неговите гревови.
2Прости му ја навредата на ближниот твој и тогаш, откако се помолиш, гревовите твои простени ќе ти бидат.
3Кога човек човека го мрази, како може од Господа опростување да бара?
4За човек сличен на себе, тој милост нема, а се моли гревовите негови простени да му бидат.
5Самиот, бидејќи тело полн е со омраза, па кој гревовите ќе му ги прости?
6Спомнувај си за крајот твој и престани да мразиш; спомни си за смртта и гниењето, па заповедите извршувај ги.
7На заповедите мисли и ближниот не мрази го.
8Помни го заветот на Севишниот, и вината на братот твој прости му ја.
9Од кавга бегај, така помалку ќе грешиш.
10Грешникот раздор сее меѓу пријателите; меѓу оние што живеат во мир, недоверба шири.
11Огнот се разгорува во зависност од тоа што е она што гори;
12каква е силата на човекот, таков ќе биде и неговиот гнев; гневот се зголемува и според богатството негово.
13Жешка рсправија оган распалува, а жестока кавга крв пролева.
14Дуваш ли искра – таа ќе се рспали, плукнеш ли на неа, таа ќе се угасне; и едното и другото излегуваат од твојата уста.
15Озборувачот и лажливецот проколнати да се; тие погубиле многумина што живееле во мир.
16Третиот јазик многумина изгонил, ги гонел од еден народ во друг,
17уривал градови утврдени, уривал палати на богати;
18третиот јазик избркал чесни жени, ги лишил од плодовите на нивниот труд.
19Кој него го слуша, мир нема да има ни спокоен дом.
20Ударот со бич модрици прави, а ударот со јазик, коски крши.
21Многумина паднале од остар меч, но повеќе се оние што паднале од јазик.
22Блазе на оној што од него се заштитил; неговиот бес не го почувствувал, кој во јаремот негов не бил и не бил врзан со неговите вериги.
23Јаремот негов е железен, а веригите негови – бакарни.
24Страшна е смртта што ја донесува; и пеколот е подобар од неа,
25но нема сила на побожните; нив не ги гори пламенот негов.
26Жртви негови се оние што Го оставиле Господа; во нив ќе се разгори и нема да изгасне; како лав ќе ги нападне и како пантер ќе ги раскине.
27Слушај, со трње загради го имотот твој,
28добро заклучи ги златото и среброто,
29а за зборовите направи си мерка; на устата твоја – врата и клучалка.
30Пази да не се сопнеш од јазикот свој; на оние што демнат – плен да не им бидеш.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
