1Тогаш сите Израилеви племиња дојдоа кај Давида во Хеврон и рекоа: »Ете, ние сме твои коски и твоја плот;
2уште вчера и завчера, додека царуваше Саул над нас, ти го изведуваше и го воведуваше Израилот; и Господ ти рече: ‚Ти ќе го пасеш Мојот народ, Израилот, и ти ќе бидеш водач на Израилот.‘«
3Тогаш сите Израилеви стерешни дојдоа кај царот во Хеврон, и царот Давид склучи со нив завет пред Господа во Хеврон; и го помазаа Давида за цар над сиот Израил.
4Давид беше на триесет години, кога се зацари; тој царуваше четириесет години.
5Во Хеврон царуваше над Јуда седум години и шест месеци, а во Ерусалим царуваше триесет и три години над целиот Израил и над Јуда.
6Царот тргна за Ерусалим заедно со луѓето свои против Евусејците, жители од оној крај; но тие му велеа на Давида: »Ти нема да влезеш тука; слепите и сакатите ќе те избркаат«, – тоа значеше: Давид нема да влезе тука.
7Но Давид ја презеде тврдината Сион: Тоа е Давидовиот град.
8Тој ден Давид рече: »Секој, убивајќи Евусејци, нека поразува со копје и сакати и слепи, што ја мразат душата Давидова.« Затоа и се вели: »Слеп и сакат нема да влезе во домот Господов.«
9И Давид се насели во тврдината, и ја нарече Давидов град, и изгради наоколу ѕид од крајот, па сѐ до внатре.
10И Давид напредуваше и се воздигаше, и Господ Бог Саваот беше со него.
11Тирскиот цар Хирам испрати при Давида пратеници и кедрово дрво, дрводелци и каменоделци, и тие му изградина на Давида дом.
12Давид разбра, дека Господ го одредил за цар над Израилот и го воздигнал царството негово заради Својот народ, Израилот.
13Давид си зеде уште наложници и жени од Ерусалим, откако дојде од Хеврон.
14И му се родија на Давида уште синови и ќерки. Еве ги имињата на оние, што му се родија во Ерусалим: Самус, Совав, Натан и Соломон,
15Евеар, Елисуа, Нафек, и Јафија,
16Елисама, Елидае, и Елифалет, Самае, Јосиват, Натан, Галиман, Еваар, Теисус, Елифалат, Нагев, Нафек, Јонатан, Леасамис, Валимат и Елифат.
17Кога Филистејците слушнаа, дека Давид е помазан за цар на Израилот, сите Филистејци се кренаа да го бараат Давида. Давид чу и отиде во тврдината.
18А Филистејците дојдоа и се сместија во Рефаимската долина.
19И Давид го запраша Господа, велејќи: »Да одам ли против Филистејците? Ќе ги предадеш ли во рацете мои?« А Господ му одговори на Давида: »Оди, зашто Јас ќе ги предадам Филистејците во рацете твои.«
20Тогаш Давид отиде во Ваал – Перасим и таму ги порази, и рече Давид: »Господ ги однесе пред мене непријателите мои, како вода што однесува.« Поради тоа и она место се нарече Ваал – Перасим.
21Таму Филистејците ги оставија идолите свои, а Давид со луѓето свои ги зеде и заповеда да ги изгорат на оган.
22Филистејците, пак, дојдоа и се улогорија во Рефаимската долина.
23А Давид Го праша Господа: »Да одам ли против Филистејците, и ќе ги предадеш ли во рацете мои?« Господ му одговори: »Немој да им излегуваш во пресрет, туку заобиколи ги одзади и нападни ги откај горичката на црници.
24Кога ќе чуеш шум како да минува некој по врвовите на црниците, тогаш појди, зашто тогаш Господ тргнал пред тебе, за да ја порази филистејската војска.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.