1Сите луѓе по природа се суетни, оние кои не Го познавале Бога, Кој постои од вечноста и, гледајќи ги Неговите дела, не Го познавале Него Создателот,
2туку ги почитувале за богови кои управуваат со светот: или огнот, или ветрот, или подвижниот воздух, или ѕвездениот круг, или силните води или небеските светила.
3Зашто восхитувајќи се на нивната убавина, тие сили ги почитуваа за богови, а тие требаше да познаат колку е Господ подобар од нив, за Што Он, Создателот на убавото – ги создал и нив.
4Ако, пак, се чудеа на силата нивна и на нивното дејство, тие требаше од нив да разберат колку е посилен Оној, Кој нив ги создал,
5бидејќи според величината и убавината на созданијата по сличност ќе се познае Создателот на нивното битие.
6Но, сепак тие заслужуваат помал прекор, зашто можеби се заблудуваат, барајќи Го Бога, па сакаат да Го најдат,
7оти свртувајќи се кон Неговите дела, тие испитуваат и се убедуваат преку своите очи, дека сѐ видливо е прекрасно.
8Но сепак не треба да им се прости.
9Оти, ако можеле да придобијат толкаво знаење, така што можеле да го проучуваат привремениот свет, зошто тогаш веднаш не Го нашле неговиот Господар?
10Но, понеспокојни се оние што својата надеж ја полагаат на бездушни работи, кои делата на човечки раце ги нарекуваат богови – златото и среброто, уметнички обработени образи ѝ аживотни или безвреден камен, изделкан од човечка рака.
11Или, пак, дрводелец некој отсече погодно дрво, грижливо му ја симне целата кора и, откако го изработи убаво, од него направи сад за неаква корисна употреба во животот,
12а деланките од работата ги употреби за готвење храна и потоа се нахрани,
13но една од тие гранки, негодна за ништо, криво дрво и глуждливо, го зема и во слободното време го изделкува со опитност вешта, па сличен го направи на човечки лик,
14или го направи да личи на некое долно животно, го премачкува со оловна боја, потоа со црвена, му отстранува секој недостаток,
15и, откако приготви погодно за него место, го закачува на ѕидот, прицврстувајќи го претходно со железо.
16И така, за да не падне неговото дело, однапред се грижи за него, бидејќи знае дека тоа самото не може да си помогне, зашто е идол и има потреба од помош.
17А молејќи се пред него за својот имот, за женидба и деца, тој не се срамува да му говори на тоа дрво што е бездушно,
18и да бара здравје од она што е неможно, од мртвото – да бара живот, и помош да бара од она што е беспомошно, да го моли за добро патување она што не може да пречекори,
19за придобивка, за работа и за успех на рацете, кое воопшто не може со раце да работи, за сила да го моли – најбессилното.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.