3. Ездра 13 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Сесилниот му го толкува на пророкот сонот.

1По седум дена видов ноќта сон:

2ете, од морето се издигна ветар, за да ги раздвижи сите негови бранови.

3Гледав, и ете, излезе силен маж со неброено воинство; насекаде, каде се свртуваше неговото лице, за да погледне, сѐ што се гледаше под него – трепереше;

4и каде и да одеше гласот од неговата уста, се вжештуваа и се топеа сите, кои го слушаа неговиот глас, како што се топи восок кога ќе почувствува оган.

5Потоа видов: еве, се собра безбројно мноштво луѓе од четирите небески ветрови, за да го победат тој маж, кој се беше издигнал од морето.

6Видов, ете, тој изваја голема гора и полете на неа.

7Настојував да ја видам таа страна или тоа место, откаде беше извајана таа гора, но не можев.

8Потоа видов како сите оние, што се собрале да го победат – дека многу се уплашија, но сепак се осмелија да војуваат.

9А тој кога виде, дека, мноштвото со стремеж доаѓа, не крена рака, не држеше ни копје, ниту некакво воено оружје;

10но тој, како што видов, испушташе од својата уста нешто како огнен издив, низ своите усни некакво пламено дишење, а од јазикот свој испушташе искри и бури, и сето тоа се слеа во едно: огнен здив, пламено дишење и силна бура.

11Тој со устрем го нападна тоа мноштво, што се беше приготвило да војува, па ги изгоре сите, така што од безбројното мноштво ништо не се виде, освен прав и мирис од дим и страв ме опфати.

12Потоа го видов истиот маж како слегува од гората и како повикува едно друго, мирно мноштво.

13Многумина пристапија при него, едни со весели лица, други со тажни, едни беа врзани, а други беа доведувани, – А и јас речиси премалев од страв, се разбудив и реков:

14»Ти од почетокот ми ги покажа овие чуда мене, на Твојот слуга, и ме најде достоен да ја примиш мојата молитва;

15па покажи ми го и значењето на овој сон.

16Зашто, како што разбирам со разумот свој, тешко на оние што ќе бидат оставени во тие дни, а уште потешко на оние што не се оставени,

17бидејќи оние, што не се оставени, беа нажалени.

18Сега разбирам, дека она, што е оставено за последните дни, ќе ги сретне нив, како и оние, кои се оставени.

19Затоа тие се најдоа во големи опасности и во големи маки, како што покажуваат соновите.

20Но за овој, кој е во опасност, полесно е да го види тоа, отколку да мине како облак од овој свет и да не го види она што ќе стане во последните времиња.« Тој ми одговори и рече:

21»Ќе ти го кажам значењето на видението и ќе ти го откријам и она за што говореше ти.

22Бидејќи ти говореше за оние што се оставени, еве ти го објаснението:

23оној што ќе ја издржи опасноста во она време, тој ќе биде запазен, а оние што ќе паднат во опасност, тоа се оние што имаат дела и вера во Сесилниот.

24И така, знај, дека оние што се оставени, поблажени се од умрените.

25А еве го објаснението на видението: бидејќи ти го виде мажот што се издигнуваше од среде море,

26тоа е оној, кого Севишниот го пази долго време, кој преку самиот себеси ќе го избави Своето создание и ќе ги раководи оние што се оставени.

27А тоа што виде дека од неговата уста како да излегуваше ветар, огин и бура,

28и дека тој не држеше ни копје, ниту некое друго воено оружје, но дека неговиот стремеж го уништи мноштвото кое беше дојдено за да го победи, еве го објаснението за ова:

29еве, настануваат дните, кога евишниот ќе почне да ги избавува оние што се на земјата,

30и ќе направи да се вчудовидат оние што живеат на земјата,

31и ќе започнат војна едни против други, град против град, област против област, народ против народ, царство против царство.

32Кога ќе стане сето тоа и се појават знаците што ти ги покажав пред малку, тогаш ќе се покаже Мојот Син, Кого ти го виде како маж, Кој се издигнува.

33И кога сите народи ќе го чујат Неговиот глас, секој од нив ќе ја остави војната што ја водат во својата земја и што ја водат едни против други,

34и ќе се соберат во едно собрание безбројно мноштво, кое како да ќе сака да појде и да го победи.

35Он ќе застане на врвот од гората Сион.

36А Сион ќе дојде и ќе им се покаже приготвен и уреден на сите, како што ја виде и ти гората извајана без раце.

37И Мојот Син ќе ги изобличи беззаконијата, измислени од тие народи, кои преку своите лиши помисли ги приближија бурата и маките, со кои ќе почнат да се измачуваат,

38и кои што се слични на оган; Он без труд ќе ги истреби со закон, Кој е сличен на огнот.

39А тоа што виде дека Он го собира при Себе другото, мирно множество,

40тоа се дестте племиња, кои беа одведени пленици од својата земја во деновите на царот Осија, кого го одведе во ропоство Аирскиот цар Салманасар, ги преведе од другата страна на реката, беа одведени во друга земја.

41А тие во својот совет решија да го остават мноштвото незнабошци и да отидат во далечна земја, каде што никогаш човечки род не живеел,

42за да ги пазат таму законите свои, кои не ги пазеа во својата земја.

43Преку тесни клисури се приближуваа до реката Еуфрат;

44Сесилниот тогаш напарви чудо: ги сопре речните жили додека тие преминуваа;

45а затоа што низ таа земја минуваа долго – година и половина, таа земја се нарекува Арсарет.

46Тие живееја таму до неодамна. И сега, кога ќе почнат да пристигнуваат,

47Севишниот пак ќе им ги сопре жилите на реката, за да можат тие да преминат; затоа ти го виде мирното множество.

48но оставените од Мојот народ се оние, кои се најдоа внатре во Моите предели,

49зашто кога ќе почне да го истребува мноштвото народи собрани заедно, Он ќе го заштити Својот народ, кој ќе остане.

50И тогаш ќе им покаже многу чуда.«

51Јас реков: »Господи Владико, објасни ми го тоа зошто го видов мажот да излегува од сред море?«

52А Он ми одговори и рече: »Како што не можеш да го испиташ и да го познаеш она што е во морската длабочина, така никој на земјата не може да го види Мојот Син, ниту оние што се со Него, освен во времето на Неговиот ден.

53Еве ти го толкувањето на сонот што го виде, преку кој само ти овде си просветен.

54Ти си ги оставил своите дела, и си го извршувал Мојот закон и си го испитувал,

55бидејќи твојот живот си го уредил мудро, а разумноста си ја нарекол своја мајка,

56Затоа Јас ти ги покажав наградите од Севишниот; по три дни ќе ти покажам нешто друго и ќе ти откријам нешто важно и чудно.«

57Тогаш јас појдов и излегов во полето, славејќи го Севишниот и благодарејќи Му многу за чудесата што ги извршуваше одвреме – навреме,

58и затоа што Он управува со сегашноста и со тоа што ќе настане низ времињата, и таму останав три дена.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help