1И му рече Господ на Мојсеја велејќи:
2»Одмазди им се на Мадијамците поради синовите Израилеви, и потоа ќе се прибереш при народот свој.«
3И му рече Мојсеј на народот велејќи: »Вооружете меѓу вас луѓе за војна, за да тргнат против Мадијамците, да извршат одмазда Господова над нив;
4испратете во војна по илјада од племе, од сите племиња на синовите Израилеви.«
5И од илјадниците Израилеви беа одделени по илјада од секое племе, вкупно дванаесет илјади вооружени за војна.
6И ги испрати Мојсеј во војна, по илјада од секое племе, нив и Финес, синот на свештеникот Елеазар, Аронов син, со светите сосуди и со труби за тревога в рака.
7И отидоа во војна против Мадијам, како што му заповеда Господ на Мојсеја, и ги убија сите од машки пол;
8а заедно со убиените од нив ги убија и мадијамските цареви; го убија со меч и Валаам, Веоровиот син заедно со нивните убиени.
9Мадијамските, пак, жени и децата нивни синовите Израилеви ги зедоа во плен; и сиот нивни добиток, и сите стада нивни, и целиот имот нивни го заграбија;
10сите градови нивни во нивно владение и сите села нивни со оган ги изгореа.
11И го зедоа сето заграбено, од човек до добиток.
12И заробените, и ограбеното и заграбеното му го донесоа на Мојсеј, пред свештеникот Елеазар и пред општеството на синовите Израилеви, при населбата во Аравот Моавски, кај Јордан, спроти Јерихон.
13Тогаш Мојсеј и свештеникот Елеазар и сите кнезови на општеството излегоа надвор од населбата за да ги пречекаат.
14И се разгневи Мојсеј на воените началници, илјадниците и стотниците, што се беа вратиле од војната,
15па им рече: »Зошто ги оставивте живи сите жени?
16ете тие, по советот на Валаама, беа станале причина синовите Израилеви да отстапат и да ги презрат наредбите од Господа, заради Фегор, затоа и дојде оној пораз врз народот Господов.
17А сега, убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени, што познале маж на машко легло;
18а сите деца од женски пол, кои не познаел машко легло, оставете ги живи за себеси.
19И останете надвор од населбата седум дена; сите, што убиле човек и што се допреле до убиен, очистете се на третиот ден, вие и вашите заробеници;
20очистете ја и сета облека, сите кожени предмети, си што е направено од козина, и сите дрвени садови.«
21Потоа им рече свештеникот Елеазар на војниците, што беа отишле во војна: »Еве ги наредбите на законот, кои Господ му ги заповеда на Мојсеја:
22злато, сребро, бакар, железо, калај и олово,
23и си што минува низ оган, поминете го низ оган, за да се очисти, а освен тоа, тоа треба да се очисти и со очистителна вода; а си, што не минува низ оган, поминете го низ вода;
24и облеката исперете ја на седмиот ден, и очистете се, и потоа влезете во населбата.«
25И му рече Господ На Мојсеја, велејќи:
26»Преброј го заграбеното, од човек до добиоток, ти и свештеникот Елеазар и началниците од племињата на општеството;
27и раздели го ограбеното по половина, на оние што војуваа, што одеа во борба, и меѓу целото општество.
28А од војниците, што беа во војна, земи данок за Господа, од душа петстотини, од луѓе и од говеда, и од овците и од ослите;
29земи го тоа од нивната половина и дај му го на свештеникот Елеазар за вознесување пред Господа.
30А од половината, определена за синовите Израилеви, земи по педесет на човек, од луѓето, од говедата, од овците и ослите, и од сите други животни, и дај им го тоа на левитите што служат при скинијата Господова.«
31И направи Мојсеј и свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
32И пленот, што остана од грабежот, што го заграбија оние, кои беа отишле во војна, беше: овци шестотини седумдесет и пет илјади,
33говеда седумдесет и две илјади,
34осли шеесет и една илјада,
35луѓе – жени, кои не познале машко легло, сите беа триесет и две илјади души.
36Половината, делот на оние, што беа отишле да се борат, според пребројувањето, беше: овци триста триесет и седум илјади и петстотини, говеда триста и седум илјади и петстотини.
37На Господа од овците Му се даде шестотини седумдесет и пет;
38говеда триесет и шест илјади, и од тоа дар за Господа седумдесет и два;
39осли триесет илјади и петстотини, а дел од нив за Господа шеесет и еден;
40луѓе шеснаесет илјади, и данок од нив за Господа беше триесет и две души.
41И му го даде Мојсеј дарот за вознесување пред Господа, на свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
42И од половината, определена за синовите Израилеви, што ја оддели Мојсеј од оние кои беа отишле во војната, –
43а половината како дел на општеството беше: овци триста и триесет и седум илјади и петстотини,
44говеда триесет и шест илјади,
45осли триесет и пет илјади и петстотини,
46луѓе шеснаесет илјади.
47Од таа половина, определена за синовите Израилеви, Мојсеј зеде педесетти дел од луѓето и од добитокот и им го даде тоа на левитите, што служеа при скинијата Господова, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
48И дојдоа при Мојсеја начлниците над илјадите од војската, илјадниците од стотниците,
49и му рекоа на Мојсеја: »Твоите слуги ги преброија војниците, што ни се доверени, и ниеден од нив не умрел.
50Еве, Му донесовме принос на Господа кој што нашол – златни предмети, алки, гривни, прстења, обетки и веришки, за да се помолат за нас пред Господа.«
51И го зеде од нив Мојсеј и свештеникот Елеазар златото од сите тие изработки.
52И сето злато, донесено од илјадниците и стотниците за вознесување пред Господа, беше шеснаесети илјади и седумстотини и педесет сикли.
53Војниците беа грабала секој за себеси.
54И го зеде Мојсеј и свештеникот Елеазар, златото од илјадниците и стотниците и го внесоа во скинијата на сведоштвото за спомен на синовите Израилеви пред Господа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.