Проповедник 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Мудроста царува.

1И сево ова го ставив во срцето свое, за да испитам, дека праведниците и мудреците и нивните дела се во рацете Божји, и дека човекот не знае ни за љубов, ни за омраза во сето тоа, што е пред него.

2За секој и за сите е едно: една судбина за праведен и неправеден, за добар и лош, за чист и нечист, како и оној кој принесува жртви и за оној кој не принесува; како и за добар, така и за грешник; како и за оној што се колне, така и за оној што се бои од клетва.

3Токму тоа е најлошо од сѐ, што се врши под сонцето, дека еден е крајот за сите, па затоа срцето на синовите човечки е полно со зло, и безумие има во срцето нивно додека се живи; а потоа тие умираат.

4Кој е меѓу живите, има уште надеж, бидејќи и куче живо е подобро, отколку мртов лав.

5Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат, и веќе за нив нема награда, зашто и споменот за нив е предаден на заборавот,

6и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале, и ќе немаат дел довека во ништо, што станува под сонцето.

7И така, оди, јади го радосно лебот свој и пиј го со радосно срце виното свое, што Бог има наклоност кон твоите дела.

8Во секое време облеката да ти биде светла, и секогаш да има елеј на главата твоја.

9Во сите дни на својот суетен живот насладувај се од животот заедно со жената, која ја сакаш, и кој ти ја дал Бог под сонцето за сите твои суетни дни; зашто, тоа е твој дел во животот и во твоите трудови, со кое се трудиш под сонцето.

10Сѐ, што може да врши раката твоја, според силите свои, врши; зашто во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост.

11И пак видов под сонцето дека на брзите не им е до трчање, ниту на храбрите до борба, ниту на мудрите до леб, ниту на разумните – богатство, ниту на искусните благонаклоност, но времето и прликите им помагаат на сите нив.

12Зашто човекот не си го знае времето. Како што рибите налетуваат во погубна мрежа, и како што птиците се заплеткуваат во примки, така и синовите човечки се уловуваат во тешко време, кога тоа неочекувано ќе дојде за нив.

13Еве уште каква мудрост видов под сонцето, и таа ми се причини голема:

14мал град и во него малку луѓе; дојде против него голем цар, го опколи и почна против него да прави голем окопи;

15но во него се најде човек сиромав, но умен, и тој со својата мудрост го спаси тој град; и при сето тоа никој не се сети за тој сиромав.

16И јас си реков: мудроста е подобра од силата, и при сето тоа што мудроста на сиромавиот се пренебрегнува, и зборовите негови не се слушаат.

17Зборовите на мудреци, искажани спокојно, се ислушуваат подобро, отколку викањето на оној што заповеда.

18Мудроста е подобра од воено оружје; но оној којшто ќе згреши, расипува многу добри работи.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help