Откровение 4 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Откривање на величественоста Божја и свечено поклонување пред Божјиот престол.

1Потоа погледнав, и ете, врата отворена на небото, и поранешниот глас, што го бев чул како од труба, кој зборуваше со мене, рече: »Искачи се овде и ќе ти покажам што треба да стане потоа!«

2И веднаш бев обземен од духот. И ете, на небото стоеше престол, и на престолот седеше Некој.

3Оној, Кој седеше, изгледаше како камен од јаспис и сардис, а околу престолот виножито, кое што прилегаше на смарагд.

4Околу престолот, пак, имаше дваесет и четири престоли; а на престолите видов седнати дваесет и четири Старци, облечени во бели алишта, а на главите имаа златни венци.

5И од престолот излегуваа молњи, громови и гласови, а пред престолот гореа седум огнени светила, кои што се седумте Божји духови;

6пред престолот, пак, имаше стаклено море, слично на кристал; а сред престолот и околу престолот – четири животни, однапред и одназад полни со очи:

7првото животно прилегаше на лав, второто – на теле, третото животно имаше лице како на човек, а четвртото личеше на орел во лет.

8И четирите животни имаа по шест крилја околу себе, а одвнатре беа полни со очи, и без прекин дење и ноќе воскликнуваа: »Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде!«

9А кога животните Му воздаваа слава, чест и благодарност на Седнатиот на престолот, на Живиот во веки веков,

10дваесет и четирите Старци паѓаа пред Седнатиот на престолот, Му се поклонуваа на Живиот во сите векови и ги полагаа своите венци пред престолот, велејќи:

11Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и според Твојата волја постои сѐ и е создадено!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help