2 Царства 16 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Сива го напаѓа Мемфивостеја. Авесалом го извршува срамниот заговор.

1Кога Давид слезе од врвот на гората, ете, во пресрет му доаѓа Сива, слугата на Мемфивостеј, со два натоварени осела со двесте лебови, сто вреќи суво грозје, сто низи смокви и со мешина вино.

2Царот го праша Сива: »Зошто ти е тоа?« Сива одговори: »Ослите се за царскиот дом, за јавање, лебот и плодовите за храна на момците, а виното за изнемоштените во пустињата.«

3Царот праша: »Каде е синот на господарот твој?« Сива му одговори на царот: »Ете, тој остана во Ерусалим и вели: ‚токму сега домот Израилев ќе ми го врати татковото ми царство.‘«

4И му кажа на Сива: »Ете, твое е сѐ што има Мемфивостеј.« А Сива одговори, поклонувајќи се: »Можеби ќе најдам милост пред очите на мојот господар – цар!«

5Кога царот Давид стигна до Ватирим, ете, оттаму излезе еден човек од родот на Сауловиот дом, по има Семеј, син на Гирана. Тој одеше и лошо зборуваше,

6и фрлаше камења врз Давида и врз сите слуги на царот Давид; и сите луѓе и сите храбри беа десно и лево од царот.

7Зборувајќи лошо за него, Семеј велеше: »Иставај се, убиецу, и беззаконику!

8Господ ја сврти против тебе сета крв на Сауловиот дом, на чие место ти се зацари, и Господ го предаде царството во рацете на синот твој Авесалома; и ете, ти си во неволја, затоа што си крвопиец.«

9Тогаш Авес, Саруевиот син, му рече на царот: »Зошто овој мртов пес зборува лошо за господарот мој, за царот? Ќе одам и ќе му ја симнам главата.«

10Царот рече: »Што ни е нам, мене и вам, до Саруевите синови? Оставете го нека зборува лошо, зашто Господ му заповедал да зборува лошо за Давида. А кој може да каже: ‚Зошто правиш така?‘«

11И Давид му рече на Авеса и на сите слуги свои: »Кога синот мој, кој излегол од телото мое, ја бара душата моја, дотоклу повеќе еден син Венијаминов; оставете го, нека зборува лошо, зашто Господ му заповедал;

12можеби, Господ ќе погледне милостиво кон унижувањето мое, и ќе ми воздаде Господ добро за денешното лошо зборување.«

13и одеа Давид и луѓето по патот свој, а Семеј врвеше покрај гората, откај неговата страна; врвеше, зборуваше лошо и фрлаше камења и земја кон него.

14И стигна царот и сиот народ негов, што беше со него, изморен, и таму со отпочинуваше.

15Авесалом, пак, и сиот Израилски народ дојдоа во Ерусалим, и со него Ахитофел.

16Кога Хусиј, Давидовиот прв пријател, дојде при Авесалома, му рече: »Да живее царот!«

17И Авесалом му рече на Хусија: »Каква е таа твоја сесрдност кон твојот пријател! Зошто не отиде со пријателот свој?«

18Хусиј му одговори на Авесалома: »Не, јас ќе отидам по оној, што го избра Господ и оној народ и целиот Израил; со него сум и јас, и со него ќе останам.

19И притоа кому ќе му служам? Нели на синот негов? Како што му служев и на татко ти, така ќе ти служам и тебе.«

20И Авесалом му рече на Ахитофела: »Дајте совет, што да правиме.«

21Ахитофел му одговори на Авесалома: »Влези при наложниците на татко ти, што тој ги остави да го чуваат домот негов; и ќе чујат сите Израилци, дека си станал намразен за таткото, и ќе им се зацврстат рацете на сите, што се со тебе.«

22И поставија за Авесалома шатор на покривот, и Авесалом влезе при наложниците на татка си пред очите на сиот Израил.

23А советите на Ахитофела, што тој ги даваше, во она време се сметаа, како некој да се допрашувал до Бога. Таков беше секој Ахитофелов совет како за Давида, така и за Авесалома.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help