1Сети се, Господи, на Давида и на сета негова смиреност,
2како што се заколна пред Господа, и Му вети на Јакововиот Бог:
3»Нема да влезам под шаторот на домот свој, и нема да легнам на леглото мое;
4нема да им дадам сон на очите мои, ни дремка на веѓите мои, ниту одмор на слепоочниците мои,
5додека не најдам место за Господа, дом за Јакововиот Бог.«
6Ете, ние чувме дека е во Ефрат, го најдовме во дубравите;
7да влеземе во неговиот дом, да се поклониме пред местата каде што стојат нозете негови.
8Стани, Господи, дојди во местото каде што е Твојата почивка, Ти и светиот ковчег Твој.
9Твоите свештеници нека се облечат во правда; Твоите светии нека се зарадуваат.
10Поради Давида, Твојот слуга, не одвраќај го лицето Свое од Твојот помазаник.
11Му се заколна Господ на Давида во вистината, и од неа нема да се откаже: »Од плодот на твојата утроба ќе поставам на престолот твој.
12Ако твоите синови го пазат Мојот завет и моите сведоштва, на кои ќе ги научам, тогаш и синовите нивни ќе седат на твојот престол.«
13Затоа Господ го избра Сион, Му омиле да живее во него.
14»Тоа е моето одмориште засекогаш: тука ќе се населам, бидејќи многу го засакав.
15Ќе го благословувам и преблагословувам трудот негов сиромасите негови со леб ќе ги наситувам;
16свештениците негови ќе ги облечам во спасение, и светиите негови радосно ќе воскликнуваат.
17Таму ќе кренам рог за Давида, му подготвив светилник на Мојот помазаник.
18Непријателите негови ќе ги облечам во срам, а на него ќе процути светоста Моја.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
