1. Тимотеја 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Опомена да се остане при чистотата на евангелското учење онака како што му е тоа поверено на Павла.

1Од Павла, апостолот на Исуса Христа, во повелба на Бога нашиот Спасител и Господа Исуса Христа, нашата надеж,

2до Тимотеја, вистинското чедо по вера. Благодат, милост, и мир од Бога Отецот наш и Христа Исуса нашиот Господ!

3Како што на тргнување за Македонија те молев да останеш во Ефес, така и сега те молам да им заповедаш на некои, да не проповедаат друго учење,

4ниту да се занимаваат со басни и бескрајни родословија, кои што предизвикуваат повеќе расправии, отколку распоредби Божји по верата.

5А целта на заповедта е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера.

6Некои, откако не ги постигнаа тие работи, се оддадоа во празнословија,

7сакајќи да бидат учители по Законот, но не разбираат ни што зборуваат, ниту што утврдуваат.

8А ние знаеме дека Законот е добар, ако се држи како што треба,

9знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за беззаконици и непокорници, за нечестивци и за грешници, за неправедни и погани, за оние што ги опскрбуваат таткото свој и мајка си, за човекоубијци,

10за блудници, за мажеложници, разбојници, клеветници, скотоложници, лажливци, клетвопрестапници и за сѐ друго, што е противно на здравата наука,

11според славното на блажениот Бог Благовестие, кое ми е поверено.

12Му благодарам на Христа Исуса, нашиот Господ, Кој ми даде сили, со што ме призна за верен и ми определи служба,

13мене, кој порано бев хулител, гонител и мачител; но ме помилува, бидејќи тоа го вршев, без да знам, во неверие.

14Но со верата и љубовта во Христа Исуса се преумножи благодатта на нашиот Господ.

15Верни се и достојни за секакво примање зборовите, дека Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас.

16Па затоа бев помилуван, за да ја покаже Исус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние, кои што ќе поверуваат во Него за живот вечен.

17А на Царот на вековите, на Нераспадливиот, Невидливиот, Единствен премудар Бог – нека е чест и слава во сите векови. Амин!

18Чедо Тимотеј, оваа заповед ти ја предавам според поранешните пророштва за тебе, за да се бориш согласно со нив како добар војник,

19имајќи вера и добра совест, која што некои ја отфрлија и претрпеа бродолом во верата;

20меѓу нив се Именеј и Александар, што ги предадов на сатаната, за да се научат да не хулат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help