1Потоа царот Артаксеркс го возвеличи Вугеецот Аман, син Амадатов, го воздигна и го постави престолот негов погоре од престолите на сите свои кнезови;
2и сите слуги на царот, при царската порта се поклонуваа и паѓаа ничкум пред Амана, бидејќи така беше заповедал царот. Но Мардохеј не му се поклонуваше и не паѓаше на колена.
3И му говореа на Мародхеја царевите слуги при царската порта: »Зашто ја кршиш царевата заповед?«
4Но иако му говореа така секој ден, тој сепак не ги слушаше. Тогаш му јавија на Амана, да видат ќе остане ли при зборот свој Мардохеј, бидејќи им беше рекол дека е Јудеец.
5Откако виде Аман, дека Мардохеј не се поклонува и не паѓа ничкум пред него, се исполни со гнев.
6Но тој помисли дека не е достојна да става рака само на Мардохеја; но бидејќи му рекоа, од кој народ е Мардохеј, Аман намисли да ги истреби сите Јудејци во целото Артаксерксово царство, како народ Мардохеев.
7Па свика совет во првиот месец, што е месец Нисан, во дванаесеттата година на царот Артаксеркс, и фрлаа жреб пред Амана од ден на ден и од месец на месец, и падна жребот во еден ден да го погубат Мардохеевиот народ на дванаесеттиот месец, односно во месецот Адар.
8И Аман му рече на царот Артаксеркс: »Има еден народ, распрснат меѓу народите по сите краишта на твоето царство; законите нивни се разликуваат од законите на сите народи, и царските закони тие не ги исполнуваат; па не треба царот така и да ги остави.
9Ако му е на царот угодно, нека заповеда да бидат истребени, и десет илјади таланти сребро ќе измерам во рацете на распоредниците, за да ги внесат во царската ризница.«
10Тогаш царот го извади од раката прстенот свој и му го даде на Вугеецот Амана, синот Амадатов, за да ја потпечати повелбата против Јудејците.
11И му рече царот на Амана: »Ти го предавам тебе тоа сребро и народот; прави со нив, што сакаш.«
12И беа свикани царските писари во првиот месец, во тринаесеттиот ден негов, и беше напишано, како што заповеда Аман, до царските намесници на секоја област, од Индиската област до Етиопија, над сто и дваесет и седум области, до кнезовите на секој народ, – на секоја област со нејзиното писмо, и до секој народ на јазикот негов: сѐ беше напишано од името на царот Артаксеркс и потпечатено со царкиот прстен.
13И беа распратени писма преку брзоодци до сите царски области, за да бидат убиени, погубени и истребени сите Јудејци, мали и големи, деца и жени, во еден ден, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, односно, месец Адар, и имотот нивни да биде разграбен. Еве препис од тоа писмо: »Големиот цар Артаксеркс – до намесниците од Индија до Етиопија, над сто и дваесет и седум области и до потчинетите им началници. Царувајќи над многу народи и владеејќи над целата вселена, јас сакав, – да не се гордеам со власта, да управувам секогаш кротко и мирно, да го направам животот на поданиците постојано спокоен и, зажувавајќи го царството свое мирно и слободно во пределите негови, да го востановам саканиот за сите луѓе мир. Но кога ги запрашав советниците, на кој начин да го направам тоа, тогаш оној, кој кај нас се одликува со мудрост и се користи со неизменливо благовление и кој што докажа цврста верност и доби втора по царот чест, Аман, ни објасни, дека меѓу сите племиња на вселената се вовлекол еден непријателски народ, којшто поради законите свои е намразен од сите народи и којшто постојано не ги почитува царските заповеди, за да не се благоустрои беспрекорно раководеното од нас управување. И така, кога дознав, дека само тој народ секогаш му се противставува на секој човек оти води живот, туѓ на законите, и, притивејќи се на нашите распоредби, извршува најголеми злосторства, така што нашето царство да на ја достигне благосостојбата, ние заповедавме посочените ви писма на Амана, поставен над робовите и втор наш татко, сите со жените и децата исцело да бидат истребени со непријателски меч, беа секакво сожалување и поштедување, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец Адар оваа година, и тие и порано и сега непријателски луѓе, бидејќи беа во еден ден беа насилно соборени во пеколот, да не ни пречат отсега натаму да живееме мирно и спокојно до крај.«
14Препис од писмото да се испрати до секоја област, како закон, којшто им се објавува на сите народи, за да бидат готови за оној ден.
15Брзоодците тргнаа брзо со царската заповед. Повелбата беше објавена и во престолнината Суза: и царот и Аман седеа и пиеја, а градот Суза беше вознемирен и во смут.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.