1Беззаконикот зборува во себеси – дека греши, нема страв Божји пред очите негови,
2зашто тој се залажува себеси, место да го увиди своето беззаконие и да го намрази;
3зборовите на устата негова се неправда и лукавство; тој не сака да се вразуми, и да врши добро;
4на леглото свое си помислува беззаконие, поаѓа на лош пат, од зло не се гнаси.
5Господи, Твојата милост е на небесата, Твојата вистина – до облаците!
6Твојата праведност е како горите Божји, а судовите Твои како голема бездна! И луѓе и добиток ќе спасиш Ти, Господи!
7О колку обилно си ја пројавил Твојата милост, Боже! Синовите човечки ќе се надеваат под Твојата закрила;
8тие ќе се наситат од изобилието на Твојот дом, и од потокот на Твојата красота ќе ги напојуваш;
9зашто во Тебе е изворот на животот: во Твојата светлина ќе гледаме светлина.
10Покажи ја милоста Своја кон оние кои Те познаваат, и правдата Своја кон оние со чисто срце;
11да не ме згази ногата горда, и раката на грешникот да не ме поколеба.
12Таму паднаа они, што вршат беззаконие; соборени се и не можат веќе да станат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
