Исаија 25 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Прославување на Господа.

1Господи, Ти си Бог мој; ќе Ти возвеличам, ќе го восфалам името Твое, зашто си извршил премудри дела; определени во старо време и вистинити. Амин.

2Ти го претвори градот во грамада од камења, цврстата тврдина – во урнатини; нема повеќе во градот дворци на другоплеменици; никогаш нема да биде востановен.

3Затоа ќе Те прославуваат силните народи; градовите на страшните племиња ќе се плашат од Тебе;

4оти Ти беше прибежиште на сиромавиот, прибежиште на немоќниот во тешко време за него, заштита од бура, сенка од припек; зашто гневното дишење на насилниците прилегаше на бура против карпа.

5Ти го скроти бујствувањето на непријателите, како припек – во безводно место; веселбата на угнетувачите е задушена, како припек – во сенка од облак.

6И Господ Саваот ќе стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати јадења од коски и најчисти вина;

7врз таа планина ќе ја уништи покривката, што ги покрива сите народи, покривка, која лежи врз сите племиња.

8Смртта ќе биде проголтана за секогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ќе го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ.

9И ќе речат во тој ден: »Еве, Он е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Он нѐ спаси! Он е Господ; Него Го чекавме; да се возрадуваме и развеселиме за спасението од Него!

10Оти раката на Господа ќе почива врз таа планина, и Моав ќе биде прегазен на местото свое, како што се гази слама на буниште.«

11И макар што ги размавна среде него рацете Свои, како што ги размавнува оној што плива, но Бог ќе ја понизи гордоста негова заедно со лукавството на рацете негови.

12И ќе ја собори, ќе ја разруши тврдината со твоите високи ѕидишта, ќе ја кутне на земја, во прав.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help