2 Летописи 31 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Обновување на богослужбите и на свештенството.

1Откако заврши сето тоа, сите Израилци што се најдоа таму, отидоа по јудејските градови, та ги испокршија идолите, ги исекоа посветените дрвја, ги разрушија оброчиштата и жртвениците докрај по целата Јудеја и во земјата Венијаминова, Ефремова и Манасиева. Потоа се вратија сите синови Израилви, секој во владението свое, во градовите свои.

2И нареди Езекија свештенички и левитски смени, според распределбата нивна, секој при својата работа, свештеничка и левитска, при сепаленица и при мирни жртви, за служба, за фалење и славословие, при вратата на домот Господов.

3И определи царот дел од имотот свој за сепаленици; за утрни и вечерни сепаленици, за сепаленици во саботите според новомесечијата и празниците, како што е запишано во законот Господов.

4Му заповеда уште на народот во Ерусалим, да им дава одредена издршка на свештениците и левитите, за да бидат ревносни во законот Господов.

5Кога се разгласи таа заповед, синовите Израилеви издонесоа многу големи количества: жито, вино, дрвено масло, мед и секакви полски производи; донесоа уште десеток од сѐ во изобилство.

6Израилците и Јудејците што живееја по јудејските градови, исто така донесоа десеток од крупниот и ситниот добиток и десеток од жртвите, посветени на нивниот Господ Бог; и натрупаа купишта и купишта.

7Почнаа во третиот месец да натрупуваат купишта, и завршија во седмиот месец.

8И дојдоа Езекија и велможите и видоа купишта, Го благословија Господа и народот Негов Израила.

9Тогаш ги праша Езекија свештениците и левитите за тие купишта.

10Му одговори Азарија, првосвештеник од домот Садоков, и рече: »Откако почнаа да носат приноси во домот Господов, јадевме до наситување и пак остана многу, зашто Господ го благослови народот Свој. Ова големо множество е остаток.«

11Тогаш Езекија заповеда да подготват соби при домот Господов. И тие подготвија.

12И ги пренесоа таму приносите, десетоците и жртвите со голема точност. Настојник кај нив беше левитот Хоманиј, а братот негов Симеј го држеше второто место.

13А Јеил, Озија, Наед, Асаил, Јеримот, Јозавад, Елиил, Самахија, Мат и Ванаја беа надзорници под управа на Хонанија и неговиот брат Самеја – по наредбата на царот Езекија и Азарија, началникот при Божјиот дом.

14Кореј, синот на Јемнин, левит, вратар на источната страна, беше при доброволните приноси на Бога, за да го разделува принесеното на Господа и најважните осветени предмети.

15Под негова управа беа: Одом, Венијамин, Исус, Семеја, Амарија и Сехонија во свештеничките градови, за да раздаваат делови на браќата свои точно, како на големите, така и на малите.

16надвор од списокот нивни, на сите од машки пол од три години и нагоре, на сите, што одат во домот Господов за секојдневните работи, – за службата нивна, според должностите нивни и според редовите нивни;

17на запишаните свештеници во списокот, според поколенијата нивни, на левитите од дваесет години и нагоре, според должностите нивни според редовите нивни,

18на запишаните во списокот со сите нивни малолетни, со жените нивни, синовите нивни и ќерките нивни, – на сето општество, бидејќи тие со целосна верност ѝ се посветија на свештената служба.

19А за синовите Аронови, свештеници во селата околу градовите нивни, во секој град беа поставни мажи определени да ги раздаваат деловите на сите од машки пол при свештениците и на сите, запишани во списокот при левитите.

20Еве што направи Езекија по цела Јудеја; тој го правеше, она што е добро и право и вистинито пред Господа, својот Бог.

21И во сѐ она, што го преземаше за да му служи на Божјиот дом и да го запази законот и заповедите, мислејќи на својот Бог, тој се трудеше од сѐ срце, и имаше успех.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help