1Царот Соломон беше цар над сиот Израил.
2И еве кои беа неговите кнезови: Азарија, син на свештеникот Садок;
3Елихореф и Ахија, синови на Сива – писари; Јосафат, Ахилудов син – летописец;
4Ванеја, Јодаевиот син, – војвода, Садок и Авијатар – свештеници;
5Азарија, Натановиот син, – началник на управителите, и Завут, син на свештеникот Натан, – пријател на царот;
6Ахисар, – управник на царскиот дом, а Адонирам, – син Авдин – на даноците.
7Соломон имаше дванаесет управници над сиот Израил, кои му доставуваа храна на царот и на неговиот дом; секој беше должен да доставува храна за по еден месец во годината.
8Еве ги имињата нивни: синот Уров – на Ефремовата гора;
9синот на Декер – во Макас и во Салвим, во Ветсамис, во Елон и во Вет-Анан;
10синот Седафоф – во Арувот; нему исто така му припаѓаше Сохот и целата земја Оферова;
11синот на Аминадав – над целиот крај Дор; а Тафат, Соломоновата ќерка, беше негова жена;
12Вана, Ахилудовиот син, во Тенах и Мегидон, и во целиот Вет-Сан кој е блузи до Сартан под Језраел, од Вет-Сан до Авел-Мехол, и дури зад Јок-Меам;
13синот Геверов – во Рамот Галадски; нему му припаѓаа селата на Јаира, Манасиев син, кои се во Галад; нему му припаѓаше и областа Аргов, во Васан, шеесет големи градови со ѕидови и бакарни резиња;
14Ахинадав, Идов син, во Маханаим;
15Ахимас, во земјата Нефталимова; тој си ја беше земал за жена Васемата, Соломонова ќерка;
16Вана, Хусев син, во земјата Асирова и во Алот;
17Јосафат, Фаруев син, во земјата Исахарова;
18Семеј, синот на Ила, во земјата Венијаминова;
19Гевер, Уриев син, во земјата Галадска, во земјата на аморејскиот цар Сион, и на васанскиот цар Ог. Тој беше управник на таа земја.
20Јудејците и Израил, бидејќи многубројни како песокта при морето, јадеа, пиеја и се веселеа.
21Соломон владееше со сите царства од реката Ефрат до Филистејската земја и до границата на Египет. Тие принесуваа дарови и му служеа на Соломона во сите дни на животот негов.
22Секојдневната храна на Соломона беше: тиесет кори пченично брашно и шеесет кори друго брашно,
23десет згоени волови и дваесет волови одбрани и сто овци, освен елени и срни, и диви кози и птици;
24зашто тој господареше над целата земја од оваа страна на реката, од Тапса до Газа, над сите цареви од оваа страна на реката, и имаше мир со сите околни земји.
25И живееја Јудејците и Израил спокојно, секој под лозата своја и под смоквата своја, од Дан до Врисавија, преку сите Соломонови дни.
26Соломон имаше четириесет илјади коњи за коли и дванаесет илјади за коњицата.
27И управниците му доставуваа на цар Соломона сѐ што требаше за царската трпеза, секој во својот месец, и не дозволуваа да има недостиг од ништо.
28Исто така и јачмен, и слама за коњите и за маските доставуваше секој навремено во местото, каде што се наоѓаше царот.
29А Бог му даде на Соломона мудрост, многу голем разум и широк ум како песокта на морскиот брег.
30И Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите синови на Исток, од сета мудрост на Египтјаните.
31Тој беше помудар од сите луѓе, помудар и од Гетана Језраилецот и од Емана, и од Халкада и Дарда, Самадовиот син, и името негово се славеше по сите околни народи.
32Тој изрече три илјади мудри изреки, а песните негови беа илјада и пет;
33тој изговори и за дрвјата, од кедар, што е во Ливан, до исоп, што никнува по карпите; тој говореше и за животните, за птиците, за влекачите и за рибите.
34И од сите народи доаѓаа да ја чујат Соломоновата мудрост, и сите земни цареви, што беа слушале за неговата мудрост.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.