Второзаконие 17 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Казна за идолопоклонство.

1»Не принесувај жртва на Господа, твојот Бог, вол, или овца, кои се повредени, или имаат некаков недостаток, бидејќи тоа е гнасотија пред Госпдоа, твојот Бог.

2Ако се најде при тебе во еден од градовите твои, кои Господ, твојот Бог, ти ги дава, маж или жена, што ќе направи зло пред Господа, твојот Бог, и со тоа го престапат заветот Негов,

3па тргнат и почнат да им служат на други богови, и им се поклонуваат ним, или на сонцето, или на месечината, или на сѐ што е небеско, кое Јас не сум го заповедал,

4и ти биде соопштено, и ти провериш добро; па, ако е тоа вистина, ако е направена таква гнасотија во Израилот,

5изведете ги тој маж, или таа жена, што го направиле тоа зло, пред вратата и убијте ги со камења, за да умрат.

6Според зборовите на двајца или тројца сведоци осудениот на смрт треба да умре: не смее да се погубува само на еден сведок;

7прво раката на сведоците треба да падне врз него, за да биде убиен, потоа рацете на целиот народ; така истребете го злото од вас самите.

8Ако по некое дело ќе биде тешко за тебе да пресудиш меѓу крв и крв, меѓу суд и суд, меѓу рана и рана, и меѓу расправа и расправа на судиите од твоите градови, стани и оди во местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива името Негово таму,

9и пријди кај свештениците левити и при судијата, што ќе биде во тие денови, прашај ги, и тие ќе ти кажат, како да пресудиш.

10И постапи, онака како што ќе ти кажат на местото што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива името Негово таму, и гледај да извршиш сѐ што ќе ти кажат тие;

11според законот и според пресудата што ќе ја кажат, постапи така и не отстапувај ни десно ни лево од она, што ќе ти го кажат тие.

12А кој ќе постапи гордо, и не ќе го послуша свештеникот, што е таму на служба пред Господа, твојот Бог, или судијата, што ќе биде во тие денови, тој треба да умре. – Така исчистете го злото од Израилот;

13па целиот народ ќе чуе, и ќе се уплаши, и во иднина нема да постапува нечесно.

14Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава со жреб, и ја примиш, и се населиш во неа, и речеш: ‚ќе си поставам кнез, како другите соседни народи‘, –

15постави си кнез, кого Господ, твојот Бог, ќе го избере, постави си кнез од браќата твои; не смееш да поставиш за кнез туѓинец, кој не е твој брат.

16Но тој да не ги умножува коњите свои и да не го врати народот во Египет, за да ги умножи коњите свои, бидејќи Господ ви рече: ‚не обидувајте се да се вратите веќе по тој пат‘;

17и да не ги умножува жените свои, за да не се разврати срцето негово, и да не натрупува сребро и злато прекумерно.

18А кога ќе седне со власт на престолот, нека си направи препис на овој закон од книгата, што се наоѓа кај свештениците левити,

19и нека ги држи кај себе и нека го чита во сите денови на неговиот живот, за да се научи да се бои од Господа, својот Бог, и да ги пази и да ги исполнува сите овие заповеди и наредби;

20за да не се возгордее срцето негово пред неговите браќа, и да не отстапува од законите ни десно, ни лево, за да остане на власт многу години, тој и синовите негови во Израилот.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help