1Слези и седни во прав, о, девице, ќерко вавилонска; седни на земја: престол нема, ќерко халдејска, и во иднина нема да те нарекуваат нежна и милолика.
2Земи рачници и мели брашно; симини го превезот, засукај ракави, разголи ги нозете, гази преку река:
3твојата голотија ќе се открие, и ќе се види твојата срамотија. Ќе се одмаздам и никој нема од тоа да ме одврати.
4Нашиот Избавител – името Му е Господ Саваот – е Светецот Израилев.
5Седи молкум и прибери се во темнината, ќерко халдејска, зашто во иднина нема да те нарекуваат господарка на царствата.
6Јас се разгневив на Својот народ, и го предадов наследството Свое, што го оскревни ти, во твои раце; а ти не им покажа милост, на старците им го стави најтешкото твое иго.
7И си велеше: »Вечно ќе бидам господарка«, и на ум не го ставаше ова, не помислуваше што ќе стане потоа.
8Но сега ислушај го ова, ти, развратнице, која живееш безгрижно, која седиш и велиш во срцето: »Јас сум, и нема друга како мене: нема да останам вдовица, ниту ќе осиромашам.«
9Но ненадејно, во еден ден, ќе те снајде и едното и другото – загубата на децата и вдовството; во полна мера ќе те снајдат тие, при сето множество на твоите магесништва и големата сила на твоите маѓии.
10Зашто ти се надеваше на своето злодејание и велеше: »Никој не ме гледа.« твојата мудрост и твоето знаење – тие те отстранија од патот, а ти си велеше во срцето свое: »Јас сум, и нема друга како мене.«
11Ќе дојде на тебе зло: нема да знаеш, од каде доаѓа тоа; ќе те снајде беда, која не ќе можеш да ја отфрлиш; и ненадејно ќе те стигне погибел, за која и не мислиш.
12Стој си, пак, со твоите маѓии и со многуте баења, со кои си се занимавала од млади години: можеби – ќе си помогнеш, можеби – ќе се одржиш.
13Ти си умрона од многу замисли; нека излезат оние, што го набљудуваат небото, ѕвездобројачите и претскажувачите по новомесечијата, нека те спасат од она, што треба да ти се случи.
14Ете, тие се како слама: оган ќе ги изгори; не ја спасија душата своја од пламенот; не остана јаглен да се погрее некој, ниту оган, за да се поседи крај него.
15Такви ќе бидат оние, за кои си се грижела, со кои си тргувала од млади години. Секој тргнал по својот пат; никој не те спасува.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
