1Преку ноќта Господ не му даде сон на царот. Затоа му заповеда на слугата да ја донесе книгата за дневните белешки; и ги читаа пред царот;
2и се најде запишано таму, дека Мардохеј беше соопштил за двајцата царски слуги Гават и Тара, кои го чуваа прагот и правеа план да става рака врз царот Артаксеркс.
3Царот запраша: »Каква чест и какво одликување му е дадено на Мардохеја за тоа?« Царевите дворјани, што му читаа одговорија: »Ништо не му е направено.«
4Кога царот се распрашуваше за Мардохеевото добро дело, дојде во дворот Аман, и праша царот: »Кој е во дворот?« Аман, пак, тогаш беше дошол во надворешниот двор на царскиот дворец да поразговара со царот, за да го обесат Мардохеја на бесилката што ја беше приготвил за него.
5Дворјаните му одговорија на царот: »Ете, Аман стои во дворот.« Царот рече: »Нека влезе.«
6И Аман влезе. Царот го праша: »Што да му направам на таков човек кого сакам да го одликувам со почести?« Аман си помисли во срцето: кого друг би посакал царот да го одликува, освен мене?
7И Аман одговори: »На таков човек, кого царот сака да го одликува со почести,
8нека му донесат царска облека, со која царот се облекува, и да го доведат коњот, на кој царот јава, да му постават царски венец на главата негова,
9и нека облеката и коњот, во рацете на еден од првите царски кнезови, да го облечат човекот, кого царот сака да го одликува, да го изведат на коњ на градскиот плоштад и да огласат пред него: Вака му се прави на оној човек, кого царот сака да го одликува со почести!«
10Тогаш царот му рече на Амана: »Добро рече; веднаш земи ја облеката и коњот, како што рече, и направи му го тоа на Јудеецот Мардохеја, кој седи пред царската порта; ништо да не пропуштиш од тоа, што го кажа.«
11Ги зеде Аман облеката и коњот, го облече Мардохеја, го изведе на коњ на градскиот плоштад и објави пред него: »Вака му се прави на човек, кого царот сака да го одликува со почести!«
12Мардохех се врати кај царската порта. Аман, пак, тргна во домот свој, натажен и со наведната глава.
13И ѝ раскажа Аман на жената своја Сереса, и на сите пријатели свои за сѐ, што се случило со него. Тогаш мудреците негови и жената негова Сереса му рекоа: »Ако Мардохеј, поради кого ти почна да паѓаш, е од јудејско племе, ти нема да го надвиеш, туку навистина ќе паднеш пред него, бидејќи со него е живиот Бог.«
14Тие уште разговараа со него, и царските евнуси дојдоа и по поканија Амана да оди на гозбата, што ја беше приготвила Естира.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
