1Кога тие тројца мажи престанаа да му одговараат на Јова, бидејќи пред очите нивни беше прав.
2Се разгори гневот на Елијуја, сен Варахиилов, од Вуз, од Рамовиот род; се разгоре гневот негов против Јова, поради тоа што тој се правеше поправеден од Бога;
3а против тројцата негови пријатели се разгоре гневот негов затоа што тие не знаеја, што да одговорат, а пак го обвинуваа Јова.
4Елијуј чекаше додека тие говореа со Јова, зашто по години беа постари од него.
5А кога Елијуј виде оти нема одговор во устата на тројцата мажи, гневот негов се разгоре.
6И одговори Елијуј, син Варахиилов, од Вуз, и рече: »Јас сум млад по години, а вие сте старци; затоа јас се плашев и не се осмелував да ви го кажам моето мислење.
7Јас си велев: нека говорат дните и многулетието нека поучува во мудрост.
8Но има дух во човекот, и духот на Седржителот го вразумува.
9Не само многулетните се мудри, ниту само старците знаат што е право.
10Затоа велам: ислушајте ме, ќе ви го кажам и јас моето мислење.
11Ете, чекав вие да се искажете, го слушав вашето расудување, додека вие говоревте.
12Внимателно ве следев, и никој од вас не го изобличи Јова и не одговори на зборовите негови.
13Немојте да речете: ‚ние наидовме на мудрост: Бог ќе го убеди, а човекот не може.‘
14Ако тој ги упатуваше зборовите свои кон мене, јас ќе му одговорев не со вашите зборови.
15Се исплашија повеќе не говорат; се збунија, престанаа да зборуваат.
16Чекав, а тие пак не говореа, престанаа и повеќе не зборуваа.
17Јас ќе говорам за сѐ, јас ќе го кажам мислењето свое.
18Затоа што сум полн со зборови, и духот ме притиска одвнатре.
19Ете, утробата моја, како затворено вино: готова е да прсне како нови мевови.
20Ќе позборувам, за да ми се олесни; ќе си ја отворам устата и ќе одговорам.
21Нема да гледам кој е кој и на никого нема да му ласкам,
22зашто не умеам да ласкам: за миг Создателот мој би ме зел.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
