Плач Јеремиин 2 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Тага поради пропаста на Јуда и на Ерусалим.

1Како ја помрачи Господ во гневот Свој ќерката Сионова! Од небесата ја симна славата Израилева и не се потсети за подножјето на нозете Свои во денот на Својот гнев.

2Господ ги сотре сите живеалишта на Јакова, не ги поштеди; ги разруши во јароста Своја сите тврдини на ќерката Јудина, ги кутна на земја, ги отфрли царството негово и кнезовите негови, како нечисти.

3Во жестокиот гнев Свој ги скрши сите рогови Израилеви, ја повлече десницата Своја од непријателот и се разгори против Јакова како огнен пламен, кој проголтува сѐ наоколу;

4го затегна лакот Свој како непријател, ја управи десницата Своја како непријател и уби сѐ што е мило за очите; врз скинијата на ќерката Сионова ја излеа како оган јароста Своја.

5Господ стана како непријател, го истреби Израилот, му ги разори сите домови негови, ги разруши тврдините негови и умножи при ќерката Јудина тага и плач.

6И ја сруши оградата Своја како од градина; го разори местото Свое во собранието, Господ направи на Сион да се забораваат поразниците и саботите; и во Своето гневно негодување отфрли и цар и свештеник.

7Го отфрли Господ жртвеникот Свој, го одврати срцето Свое од светилиштето Свое, ги предаде на непријателите ѕидовите на дворците нивни; во домот Господен тие се развикаа како во празничен ден.

8Господ реши да ја разруши карпата на ќерката Сионова, оптегна јаже, не ја одврати раката Своја од разрушувањето; ги сосипа надворешните тврдини, и ѕидовите беа заедно со нив разрушени.

9Портите нејзини во земја потонаа; Он ги разруши и ги уништи резињата нивни; царот нејзин и кнезовите нејзини се меѓу незнабошците; нема веќе закон, и пророците нејзини веќе не се удостојуваат со виденија од Господа.

10Старешините на ќерката Сионова седат на земи и молчат, си ги посипуваат со пепел главите свои, се препашуваат со вреќиште; ги наведнале главите кон земјата девојките ерусалимски.

11Ми се истрошија од солзи очите мои, утробата ми се превртува, срцето ми се кине, зашто гине ќерката на мојот народ, кога децата и цицалчињата умираат од глад по плоштадите на Ерусалим.

12Умирајќи како ранети по градските улици, тие им велат на мајките свои: »каде има жито и вино?« и ги испуштаат душите свои во мајчините прегратки.

13Што да ти кажам и со што да те споредам, ќерко ерусалимска? Што да ти направам, за да те утешам, девојко, ќерко Сионова? Зашто раната твоја е како море голема; кој може да те исцели?

14Пророците твои ти кажуваат работи неостварливи и лажни, не ги откриваа твоето беззаконие, за да те одвратат од твоето ропство, и искажуваа лажни откровенија, кои те доведоа до прогонство.

15Раце плескаат за тебе сите што минуваат по пат, си потсвирнуваат и си ги нишаат главите за ќерката ерусалимска, па велат: »Ова е градот, што го нарекуваа совршенство на убавината, радост на целата земја?«

16Ги отвориле устите на тебе сите непријатели твои, си потсвирнуваат и си крцкаат со забите свои, велејќи: »Го проголтавме, та само овој и ден го чекавме ние, го дочекавме и го видовме!«

17Господ го изврши она, што беше определил, го исполни зборот Свој, изречен во поранешните времиња, безмилосно го разори и го предаде на непријателот, за да се порадува над тебе, го крена високо рогот на твоите непријатели.

18Срцето нивно повикува кон Господа. Карпо на ќерката Сионова! Лиј солзи дење и ноќе, не давај си мир, не затворај ги зениците на очите свои!

19Станувај, викај ноќе при почетокот на секоја стража; изливај го како вода срцето свое пред лицето на Господа; протегај ги кон Него рацете свои за душата на децата свои, кои умираат од глад по аглите на сите улици.

20»Погледај, Господи, и види: кому си му направил вака – жените да го јадат плодот свој, младенците, од нив отхранети? Во светилиштето Господово да биваат убивани свешеник и пророк?

21Децата и старците лежат на земи по улиците; момите и момците мои паднаа од меч; Ти ги убиваше во денот на Твојот гнев, колеше безмилосно.«

22Како на празник ги повика сите мои ужаси, и во денот на гневот Господен никој не се спаси, никој не побегна; оние, што бев ги отхранила и одгледала, непријателот ми ги истреби.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help