1Господи, Господи наш, колку е чудесно името Твое по целата земја! Си ја издигнал славата Своја над небесата.
2Од устата на младенците и доенчињата си ја создал похвалата Своја заради непријателите Твои, за да го срушиш непријателот и одмаздникот.
3Кога ќе ги погледам небесата, дела на прстите Твои, па месечината и ѕвездите, што си ги поставил Ти:
4Што е тоа човек, та се сеќаваш на него, или синот човечки, па го посетуваш?
5Си го направил малку помал од ангелите, но со слава и чест си го венчал,
6и си го поставил над делата од рацете Твои, и сѐ си потчинил под нозете негови;
7овците и воловите сите, и ѕверовите полски;
8птиците небески и рибите морски, сѐ што се движи по морските патишта.
9Господи, Господи наш, колку е чудесно името Твое по целата земја!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
