1Не осумнаесеттата година од царувањето на Наватовиот син Јервоам, над Јудејците стана цар Авија.
2Тој царуваше во Ерусалим три години; името на мајка му беше Мааха, Авесаломова ќерка.
3Тој одеше во сите гревови на таткото свој, што тој ги вршеше пред него, и срцето негово не беше предадено на неговиот Господ Бог, како срцето на татка му Давида.
4Но заради Давида, неговиот Господ Бог му беше дал светило во Ерусалим, воздигнувајќи го по него синот негов и го закрепи Ерусалим,
5зашто Давид вршеше, она што беше угодно пред очите на Господа, и во сите дни на животот свој во ништо не отстапуваше од она, што Он му беше заповедал, освен постапката со Хетеецот Урија.
6Меѓу Ровоама и Јеровоама имаше војна во сите дни на животот нивни.
7Другите дела на Авија, и сѐ што вршел, е опишано во летописите на јудејските цареви. И имаше војна меѓу Авија и Јеровоама.
8Авија почина при татковците свои и го погребаа во Давидовиот град. И наместо него стана цар синот негов Аса.
9Аса стана цар над Јудејците во дваесеттата година од царувањето на израилскиот цар Јеровоам,
10и царуваше во Ерусалим четириесет и една година; името на мајка му беше Ана, Авесаломова ќерка.
11Аса го вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, како неговиот татко Давид.
12Тој ги изгони блудниците од земјата и ги отфрли сите идоли, што ги беа направиле татковците негови,
13и дури мајката своја Ана ја лиши од звањето царица, поради тоа што беше направила идол на Астарта; и го скрши Аса и нејзиниот идол и го изгори при потокот Кедрон.
14Идолските светилишта, навистина, не беа урнати. Но срцето на Аса му беше предадено на Господа во сите дни негови.
15И тој ги внесе во домот на Господа предметите, посветени на татко му негов, и предметите посветени од него: сребро, злато и садови.
16Меѓу Аса и израилскиот цар Васа имаше војна во сите нивни дни.
17Израилскиот цар Васа излезе против Јудеја и почна да ја гради Рама, та никој да не излегува, ниту да оди при јудејскиот цар Аса.
18Тогаш Аса го зеде сето сребро и злато, што беше останало во ризницата на домот Господов и во ризницата на царскиот дом, и го даде во рацете на слугите свои; и царот Аса ги испрати при Таверема, синот на Адера, син Хезионов, цар сириски, кој живееше во Дамаск, велејќи:
19»Нека има сојуз меѓу мене и тебе, како што имаше меѓу мојот татко и твојот татко; ете, ти испраќам на дар сребро и злато; раскини го сојузот свој со израилскиот цар Васа, та да се оттргне од мене.«
20И синот на Адера го послуша царот Аса, и ги испрати своите војводи против израилските градови и ги порази Аин, Дан, Авел-Вет-Мах и целиот Кинерот, по целата Нефталимова земја.
21Кога го чу тоа, Васа престана да ја гради Рама и се врати во Сарир.
22А царот Аса ги собра сите Јудејци без исклучок, и тие ги изнесоа од Рама камењата и дрвјата, кои Васа ги употребуваше за градење. Со нив царот Аса ги изгради Гива Венијаминова и Миспа.
23Сите други дела на Аса сите негови подвизи и сѐ што изврши, и градовите што ги изгради, се опишани во летописите на јудејските цареви, освен тоа, дека на стари години го заболеа нозете.
24Аса почина при татковците свои и беше погребан при нив во градот на татка си Давида. А место него стана цар синот негов Јосафат.
25А Јеровоамовиот син Нават стана цар над Израилот во втората година на јудејскиот цар Аса и царуваше над Израилот две години.
26Тој го вршеше, она што беше неугодно пред очите на Господа, одеше по патот на татка си и во гревовите негови, со кои тој го наведе во грев Израилот.
27Против него се крена Ахиевиот син Васа, од Исахаровиот дом, и Васа го уби при Гаватон филистејски, кога Нават и сите Израилци го опседнуваа Гаватон;
28Васа го уби во третата година јудејскиот цар Аса и стана цар место него.
29Кога стана цар, тој го порази целиот Јеровоамов дом и не остана ниедна душа кај Јеровоама, додека не го истреби, според словото на Господа, што го беше изрекол преку својот слуга Ахија Силомецот,
30поради гревовите на Јеровоама, кои тој сам ги напрви и со кои го наведе во грев Израилот, поради гревовите со кои тој го разгневи Господа, Бога Израилев.
31Другите дела на Навата, сѐ што тој извршил, се опишани во летописите на израилските цареви.
32Меѓу Аса и израилскиот цар Васа имаше војна во текот на сите нивни денови.
33Во третата година на јудејскиот цар Аса стана цар во Терс над сите Израилци Ахиевиот син Васа и царуваше дваесет и четири години.
34Тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, и одеше по патот на Јеровоама и во гревовите негови, со кои тој го наведе во грев Израилот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.