1И дојдоа при мене неколкумина Израилеви старешини, па седнаа пред мене.
2И би слово Госпдово до мене:
3»Сине човечки, овие луѓе дозволија своите идоли да си ги стават во срцата свои, се соблазнија со своето бесчестие: можам ли да им одговорам?«
4Затоа зборувај со нив и кажи им – вака вели Господ Бог: »Ако некој од домот Израилев дозволи во срцето свое да има идоли и така со тоа да го соблазнува своето бесчестие, па дојде при пророк, – па зар Јас, Господ, можам ли, при толку многу идоли да му дадам одговор?
5Домот Израилев нека разбере во срцето свое, дека сите со своите идоли станаа туѓи за Мене.«
6Затоа кажи му на домот Израилев – вака вели Господ Бог: Обрнете се и откажете се од вашите идоли и од сите ваши гадотии одвратете го лицето свое.
7Зашто, ако некој од домот Израилев и од придојдените кои живеат при Израилот, се откаже од Мене и допушти во срцето свое да има идоли и со тоа пред лицето свое бесчести, па дојде при пророк за да ме праша преку него, – па зар Јас, Господ, треба ли да му дадам одговор од Себе?
8Јас ќе го свртам лицето Свое против тој човек и ќе го поразам како знак и приказ и ќе го истребам од мојот народ, и ќе познаете дека Јас сум Господ.
9Ако, пак, пророкот дозволи да се измами и каже збор така како Јас, Господ, да сум го научил тој пророк, тогаш Јас ќе ја протегнам раката Своја против него и ќе го истребам од народот мој, од Израилот.
10И тие обајцата ќе ја понесат вината за беззаконието. Каква ќе биде вината на оној што прашува, таква ќе биде вината и на пророкот,
11та во иднина домот Израилев да не се отклонува од Мене и да не се осквернува веќе себеси со секакви свои беззаконија, туку да бидат Мој народ и Јас да бидам нивни Бог, – вели Господ Бог.
12И би слово Господово до мене:
13»Сине човечки, ако некоја земја ќе згрешеше пред Мене, вероломно отстапувајќи од Мене, и Јас ја протегнам врз неа раката Своја, ја уништував при неа лебната потпора, праќав врз неа глад и почнував по неа да ги погубувам луѓето и добитокот,
14па, ако се најдеа во неа тројца мажи: Ное, Данаиил и Јов, тие со својата праведност ќе можеа да ги спасат само своите души, вели Господ Бог.
15Или, ако пратев врз таа земја лути ѕверови што би ја осиромашиле, и таа поради ѕверовите стане пуста и непреодна.
16тоа тројцата тие мажи во неа да се – жив сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките, а само тие би се спасиле, земјата пак би останала пуста.
17Или, ако пратев врз таа земја меч и му реков: ‚мечу мини преку земјата!‘, и тој почнеше да истребува по неа луѓе и добиток,
18тоа само тие тројца мажи среде неа – жив да сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките, а би се спасиле само тие.
19Или, да бев пратил врз таа земја помор и да бев ја излеал врз неа јароста Своја во крвопролевање, за да истребувам во неа луѓе и добиток,
20тоа Ное, Даниил и Јов среде неа – жив да сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките; со својата праведност тие би ги спасиле само своите души.«
21Зашто така вели Господ Бог: »Ако и четирите мои тешки поразии – мечот и гладот, лутите ѕверови и поморот – би ги пратил врз Ерусалим за да истребуваат во него луѓе и добиток,
22и тогаш ќе остане во него само остатокот на синовите и ќерките, што нема да бидат изведени оттаму; ете, тие ќе дојдат при вас и вие ќе го видите поведението нивно и делата нивни, па ќе се утешите за онаа беда, што ја пратив врз Ерусалим, за сѐ што пратив врз него.
23Тие ќе ве утешат, кога ќе го видите нивното поведение и делата нивни; и ќе познаете дека не залудо Јас го извршив сето тоа, што го извршив во него«, вели Господ Бог.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.