Псалми 95 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Похвална песна Давидова.

1Запејте Му на Господа песна нова, запеј Му на Господа, цела земјо!

2Пејте Му на Господа, благословувајте го името Негово, благовестите го од ден на ден спасението од Него;

3разгласувајте ја меѓу народите славата Негова, и на сите народи – чудесата Негови;

4зашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Оне над сите богови.

5Бидејќи сите богови на незнабожците се бесови, а Господ го создаде небото.

6Слава и величие се пред лицето Негово, светост и великолепие – во светилиштето Негово.

7Воздајте Му на Господа, племиња народни, воздајте Му слава и чест;

8воздајте Му на Господа слава на името Негово, земете жртви и влезете во неговите дворови;

9поклонете Му се на Господа во светите дворови Негови. Да затрепери пред лицето Негово целата земја!

10Кажете им на народите: Господ се зацари! затоа цврста е вселената, нема да се разниша.

11Нека се развесели небото и да се возрадува земјата, нека се раздвижи морето и она што го исполнува;

12нека се радуваат полињата и сѐ што е на нив, да ликуваат сите дрвја по дубравите,

13пред лицето на Господа, зашто иде, зашто Он иде да ѝ суди на земјата. Он ќе ѝ суди на вселената по правда, и на народите – според Својата вистина.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help