1Еве ги свештениците и левитите, што дојдоа со Зоровавела, синот Салатиилев, и со Исуса: Сараија, Јеремија, Ездра.
2Амарија, Малух, Атуј,
3Сеханија, Реум, Маримот,
4Адија, Ренатон, Авија,
5Мијамин, Мадија, Велга,
6Семија, Јомарса, Идија,
7Салуј, Амук, Хелкија, Одуија. Тоа се начланиците на свештениците и браќата нивни во дните на Исуса.
8А левитите: Исус, Матанија, главен при славословијата, тој и браќата негови,
9и Раквакија и Анај, нивни браќа, кои заедно со нив чуваа стража.
10Исус го роди Јоакима, Јоаким го роди Елијасива, Елијасив го роди Јодаја,
11Јодај го роди Јонатана, Јонатан го роди Адуја.
12Во дните на Јоакима беа свештеници и старешини: од Сераиевиот дом – Мераија, од Јеремиевиот дом Ананија,
13од Ездровиот дом – Месулам, од Амариевиот дом – Јонатан,
14од Мелихуевиот дом – Јонатан, од Саваниевиот дом – Јосиф,
15од Херимовиот дом – Адна, од Мерајотовиот дом – Елкај,
16од Идовиот дом – Захарија, до Гинетовиот дом – Месулам,
17од Авиевиот дом – Зехрија, од Мијаминовиот дом и Моадаевиот дом – Фелетиј,
18ов Валгасовиот дом – самуеј, од Семиевиот дом – Јонатан,
19од Јоаривовиот дом – Матанај, од Едиевиот дом – Озиј,
20до Салаивиот дом – Калај, до Амаковиот дом – Авед,
21од Еликиевиот дом – Асавија, од Једиевиот дом – Натанаил.
22Левитите, старешините, беа запишани во списокот во дните на Елијасива, Јојада, Јоа, и Јоанана, и исто така и свештениците за царувањето на Дарија персиски.
23Синовите Левиеви, племенските старешини се запишани во летописот до дните на Јоханана, Елијасивовиот син.
24Началници на левитете беа: Асавија, Саравија, и Исус, Кадмиловиот син, и браќата нивни, при нив поставени за славословие при благодаренијата, според наредбата на Давида, Божји човек, смена по смена.
25Матанија, Ваквакија, Авдија, Месулам, Телмон, и Акув беа вратари, кои чуваа стража при вратните прагови.
26Тие беа во дните на Јоакима, синот на Исуса, Јоседеков син, и во дните на Неемија и на свештеникот Ездра, книжник.
27Кога требаше да се осветуваат ерусалимските ѕидови, ги повикаа левитете од сите места, и им заповедаа да дојдат во Ерусалим, за да се изврши осветувањето и радосното празнување во славословија и песни, при звукот на кимвали, псалтири и гусли.
28Се собраа синовите на певците од Ерусалимскиот округ и од селата Нетофатски,
29и од – Галгал, и од полињата Гевски и Азмаветски, зашто певците си беа изградиле села во околината на Ерусалим.
30И се очистија свештениците и левитите, го очистија и народот и портите и ѕидовите.
31Тогаш ги изведов на ѕидот јудејските началници и поставив два големи збора певци, и едниот од нив одеше десно по ѕидот кон Гноишните порти.
32По нив одеше Осија и половината јудејски началници:
33Азарија, Ездра, Месулам,
34Јуда, Венијамин, Семаија и Јеремија;
35а од синовите свештенички со труби: Захарија, син на Јонатана, син на Семаија, син на Матанија, син на Михеја, син на Закхура, Асафов син,
36и браќата негови: Самаија, Озиил, Гелол, Маја, Натанаил, Јуда и Ананиј со свирките на Давида, Божјиот човек, и книжникот Ездра пред нив.
37До Изворните Порти, спроти нив, тие излегоа по степеништата на Давидовиот град, по скалите, што водеа кон ѕидот над Давидовиот дом, до Водните Порти на исток.
38Другиот збор врвеше наспроти нив, а по него јас и половината од народот, по ѕидот од Кулата кај печката до широкиот ѕид,
39и од Ефремовите Порти, покрај старите порти и Рибните Порти и кулата Анамеилова, и кулата Емат, кон Овчите Порти, и застанавме при Затворските Порти.
40Потоа и обата збора застанаа пред Божјиот дом, а и јас и половина начланици со мене,
41и свештениците: Елијаким, Масеја, Минијамин, Михеј, Елиоенај, Захарија и Ананија со трубите,
42Масија, Семаија, Елеазар, Озиј, Јоханан, Мелхија, Елеамиј и Језур. А певците пееја високо; водач им беше Језрија.
43Во тој ден се принесоа големи жртви и се веселеа, зашто Бог им беше дал голема радост. Се радуваа и жените, и децата и веселбата ерусалимска се слушаше надалеку.
44Во истиот ден беа поставени луѓе над одделите за приноси од првините и десетоците, за да собираат од нивите при градовите делови, поределени со Законот за свештениците и левитите, зашто на Јудејците им беше драго да ги гледаат свештениците и левитите кои стоеја,
45и вршеа служба на својот Бог и работите околу очистувањето и беа певци и вратари, според наредбата на Давида и синот негов Соломона.
46Оти уште одамна, во дните на Давида и Асафа, беа установени главни певци, како и песна за Бога, пофални и благодарствени.
47Сите Израилци во дните на Зоровавела и во дните на Неемија им даваа делови на певците и на вратарите како храна за секој ден, и им даваа посветена на левитите, а левитите им даваа посветена на Ароновите синови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.