1 Летописи 16 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Давидовиот псалм во слава при пренесувањето на Ковчегот.

1Го донесоа Ковчегот Божји и го поставија среде скинијата, што ја беше направил Давид за него и му принесе на Бога жртви сепаленици, и мирни жртви.

2Кога Давид заврши со сепалениците и принесувањето на мирни жртви, го благослови народот во името Господово,

3и им раздаде на сите Израилци, и на мажи и на жени, по еден леб, по едно парче месо и по чаша вино.

4Тогаш постави тој на служба пред Ковчегот Господов некои од левитите, за да славословат, да благодарат и да Го превознесуваат Господа, Бога Израилев:

5Асафа – за раководител, втор по него – Захарија, Јеила, Семирамота, Јеила, Мататија, Елијава, Ванеја, Авдедома и Јеила со псалтири и гусли, и Асафа – да свири на кимвали,

6а Ванеја и Озила, свештеници, – да трубат постојано пред Ковчегот на заветот Божји.

7Во тој ден Давид за првпат даде псалм за савословие на Господа преку Асафа и браќата негови:

8»Славете Го Господа, разгласувајте го името Негово; кажувајте ги делата Негови меѓу народите;

9пејте Му, свирете Му; раскажувајте за сите негови чудеса;

10фалете се со Неговото свето име; нека се весели срцето на оние, кои Го бараа Господа;

11побарајте Го Господа и силата Негова, барајте го непрастајно лицето Негово,

12спомнувајте ги чудесата, што ги изврши, знаците Негови и судовите од устата Негова;

13вие, семе Израилево, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови!

14Он е Господ, Бог наш; Неговите сугови се по целата земја.

15Помнете го вечно заветот Негов, словото, што го заповеда за илјада родови,

16она, што му го вети на Авраама и во кое му се колнеше на Исака.

17Он му ја постави на Јакова за закон и на Израилот за вечен завет,

18велејќи: ‚Тебе ќе ти ја дадам земјата Хананска, како ваш наследен дел.‘

19Тие тогаш беа малубројни, оти се намалија и во неа беа придојдени,

20и преминуваа од народ кон народ и од едно царство кон друго племе;

21но не дозволи никому да ги навредува и ги изобличуваше заради нив царевите:

22‚не допирајте се до Моите помазаници и не правете им зло на Моите пророци.‘

23Пеј Му на Господа, цела земјо, благовестете го од ден во ден спасението Негово.

24Разгласувајте ја меѓу незнабошците славата Негова, и меѓу сите луѓе чудесата Негови,

25зашто Господ е голем и многу треба да Го хвали, пострашен од сите богови.

26Оти сите богови на народите се ништо, а Господ ги создаде небесата.

27Слава и величие пред лицето Негово, сила и радост во Неговото Свето место.

28Воздајте Му на Господа, племиња народни, воздајте Му на Господа слава и чест.

29Воздајте Му ја на Господа славата на името Негово. Замете дар, одете пред лицето Негово, поклонете Му се на Господа со влелепие во светлината Негова.

30Трепери пред Него, цела земјо, зашто Он ја основа вселената, и таа нема да се разниша.

31Нека се веселат небесата, да торжествува земјата, и нека се вели меѓу народите: ‚Господ царува!‘

32Нека се бранува морето и сѐ што го исполнува, да се радува полето и сѐ што е на него.

33Да ликуваат заедно сите дрвја во дубравите пред лицето на Господа, зашто Он доаѓа да ја суди земјата.

34Славете Го Господа, зашто милоста Му е засекогаш,

35и речете: ‚Спаси нѐ, Боже, Спасителе наш! Собери нѐ и избави нѐ од народите, за да го славиме Твоето свето име и да се фалиме со Твојата слава!‘

36Благословен Господ, Бог Израилев, отсекогаш и засекогаш!« И сиот народ рече: »Амин, алулуја!«

37Давид ги остави таму, пред Ковчегот на Заветот Господов, Асафа и браќата негови, за да служат пред Ковчегот постојано, секој ден,

38Авдедон и браќате негови, шеесет и осум души; Авдедом, син Идитунов, и Оса – за вратари;

39а свештеникот Садок и браќата негови свештеници ги остави пред Господовиот дом, што беше на висината на Гаваон,

40за да принесуваат жртви на Господа врз жртвеникот за сепаленици постојано – наутро и навечер, и за сѐ што е пишано во законот на Господа, што Он му го даде на Израилот;

41и со нив Емана и Идитума и другите избраници, кои беа именувани посебно, за да Го слават Господа, зашто милоста Негова е засекогаш.

42Со нив Емана и Идитума да Го слават Бога, свирејќи со труби и кимвали и со разни свирки; а синовите Идитумови ги постави при вратата.

43Потоа се разотиде сиот народ, секој во домот свој; си отиде и Давид, за да го благослови својот дом.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help