Мудрост Сирахова 15 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Човековата слобода.

1Така постапува оној што има од Господа страв; кој законот го држи – мудрост ќе придобие.

2Ќе го пречека како мајка, ќе го прими како мудра невеста.

3Со лебот на разумот ќе го нахрани; ќе го напои со водата на мудроста.

4На неа ќе се потпре и нема да се поколеба; на неа ќе се надева и нема да се посрами.

5Таа ќе го издигне над неговите ближни; сред собир народен ќе му ја отвори устата.

6Тој ќе наследи веселба, и венец на радоста и име вечно.

7Неразумните луѓе на ја добиваат; ниту пак грешниците со очи ќе ја видат.

8Таа е далеку од гордоста; лажливците не помислуваат на неа.

9Во устата на грешникот непријатна е пофалбата, зашто од Господа не е испратена.

10Пофалбата со мудрост искажана – и Господ ја потпомага.

11Никогаш не вели: »Заради Господа отстапив«, зашто она што го мрази Тој – не треба да го правиш.

12Не вели го ни ова: »Тој ме воведе во заблуда«, зашто Бог нема потреба од грешен човек.

13Секоја одвратност Господ ја мрази; таа им е непријатна на оние коишто имаат страв од Него.

14Во почетокот Тој го создаде човекот и го препушти на неговата слободна волја.

15Ако сакаш, можеш да ги извршуваш заповедите; ти имаш сила верен да Му бидеш.

16Пред тебе ставил оган и вода; кон што сакаш, рака ќе пружиш.

17Пред човекот стои животот и смртта; што посакува тоа му се дава.

18Голема е премудроста на Господа; Тој е сесилен и гледа сѐ.

19Очите на Господа се врз оние што имаат страв од Него; Тој ги знае сите човечки дела.

20Никому не Му заповедал безбожник да биде; никому не дозволил да греши.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help