1Пророштвото за Моав. Така! Ноќе ќе биде разорен Ар – Моав и уништен; така! Ноќе ќе биде разорен Кир – Моав и уништен!
2Тој се искачува во храмот девонски за да плаче на височина; Моав липа над Невон и Медев; сите тие се со истрижени глави, сите со избричени бради.
3По улиците негови се препашуваат со вреќишта; по покривите негови и плоштадите сите плачат, во солзи тонат.
4Пишти Есевон и Елеала; гласот нивни се слуша дури до Јаца; по нив и војниците на Моав плачат, душата му се бранува во него.
5Плаче моето срце за Моав; бегаат од него кон Сигор, до третата Егла; се искачуваат со плачење на Лухит; по хоронаимскиот пат креваат страшен вик;
6зашто водите на Нимрим пресекнаа, ливадите се исушија, тревата изгоре, зеленило не остана;
7затоа тие ги пренесуваат од онаа страна на Арабиската река остатоците од имотот и она, што го собрале.
8Оти писокот се разнесува по сите предели на Моав, плачот негов стигнува дури до Еглаим, плачот негов стигнува до Беер – Елим;
9бидејќи водите на Димон се наполнија со крв, и Јас ќе испратам врз Димон уште нешто ново, – лавови врз избеганите од Моав и против другите во земјата.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
