Судии 21 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Племето Венијаминово повторно се издига.

1И се заколнаа Израилците во Масифа, велејќи: »Никој од нас да не ја дава ќерка си на Ванијаминовите синови за жена!«

2И народот дојде во Божјиот дом, седеа таму до вечерта пред Бога, кренаа голем писок, силно плачеа

3и велеа: »Господи, Боже Израилев, зошто се случи ова во Израилот, па сега изчезна едно племе во Израилот.«

4На другиот ден народот порани, и подигна таму жртвеник и принесоа жртви сепаленици, и мирни жртви.

5И рекоа синовите Изарилеви: »Кој уште од сите Израилеви племиња не дошал на собранието пред Господа?« Зашто голама клетва беше изречена пред оние, што не беа дошле пред Господа во Масифа, и беше речено, дека тие ќе бидат предадени на смрт.

6И синовите Израилеви се смилија над братот свој Венијамина и рекоа: »Денес се истреби едно племе од Израилот;

7што да направиме за жени на другите од нив, кога се заколнавме во Господа дека нема да им ги даваме ќерките свои за жени?«

8И рекоа: »Нема ли некое од племињата Израилеви, кое не е дојдено пред Господа во Масифа?« И се покажа дека од Јавис Галадски никој не дошол на собранието пред Господа.

9Го прегледаа народот, и ете, немаше ни еден од жителите на Јавис Галадски.

10И општеството испрати таму дванаесет илјади души, и им дадоа заповед, велејќи: »Одете и поразете ги со меч жителите на Јавис Галадски, и жените и децата;

11и еве што ќе направите: ‚Секој маж и секоја жена, што познава машко легло, убијте ги, а момите оставете ги живи.‘« Така и направија.

12И најдоа меѓу жителите на Јавис Галадски четиристотини моми, што не познале машко легло, и ги доведоа во логорот при Силом, кој е во Хананската земја.

13Тогаш целото општество испрати луѓе да разговараат со синовите Венијаминови, кои беа кај карпата Римон, и им објави мир.

14И така Венијаминовите синови се вратија и им дадоа жени, што беа останале живи од жените на Јавис Галадски; но излезе, дека тие на стасуваат.

15А на народот, пак, му беше жал за Венијамина, поради тоа што Господ не ја зачува целината на Израилевите племиња.

16И си рекоа старешините народни: »Што да направиме за жени на другите синови, бидејќи жените кај Венијамина се истребени?«

17И рекоа: »Наследството на Венијамина нека остане, за да не се сотре едно племе од Израилот.

18Но ние не можеме да им дадеме жени од нашите ќерки, зашто синовите Израилеви се заколнаа, велејќи: ‚Проклет да биде оној, што ќе му даде жена на Венијамина!‘«

19И рекоа: »Ете, секоја година е празник Господов во Силом, на север од Ветил и на исток од патот, кој води од Ветил за Сихем, и на југ од Левона.«

20И им заповедаа на синовите Венијаминови, велејќи: »Одете и сокријте се во лозјата,

21и гледајте, кога ќе излезат силомските моми да играат оро, излезете од лозјата и грабнете си секој жена за себе од силомските моми, па одете си во земјата Венијаминова;

22а кога ќе дојдат татковците, или браќата нивни да се поплачат кај нас, ние ќе им речеме: ‚Простете ни за нив, бидејќи ние не зедовме за секого од нив жена во време на војната, и вие не им дадовте; сега вие сте виновни.‘«

23Така и направија синовите Венијаминови, и зедоа според бројот свој жени од оние, што беа во орото и кои ги одзедоа, па тргнаа и се вратија во делот свој, и изградија градови и заживееја во нив.

24Во исто време Израилците се разотидоа оттаму секој во родот свој и во племето свое, а оттаму отиде секој во делот свој.

25Во тие денови Израил немаше цар: секој го правеше она, што му се чинеше дека е право.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help