1Ќе Те возљубам, Господи, крепост моја!
2Господ е моја тврдина и прибежиште мое, мој избавител, Бог мој, помошник мој; и ќе се надевам на Него; Он е мој заштитник, сила на спасението мое и заштитник мој.
3Ќе Го призовувам и ќе Го прославувам Господа, и ќе се спасам од непријателите свои.
4Смртни маки ме обзедоа, и потоци од беззаконија ме вознемирија;
5пеколни болести ме опколија, смртини стапици ме стегнаа.
6Во притеснение Го повикав Господа и кон мојот Бог извикав. И Он од Својот свет храм го чу гласот мој, и мојот вик стигна до Неговиот слух.
7Се затресе и се разниша земјата; затреперија и од темел се поместија горите, зашто Господ се разгневи;
8се крена дим од гневот Негов и од лицето Негово оган пламна; кој проголтува си; разгорени јаглења отскокаа од Него.
9Ги приклони Он небесата и слезе, – а мрак падна под нозете Негови.
10И седна на херувими, па полета и се понесе на ветерните крилја.
11Од мракот направи Свој заклон, и сенка околу Себе – темна вода во воздушните облаци.
12Од молскање бегаа од Него облаците, градот и огнените јаглења.
13И загрме Господ од небесата, и Севишниот го пушти Својот глас: град и разгорени јаглења.
14И ги пушти стрелите Свои и ги распрсна, ги умножи молњите – и ги растури.
15И се појавија извори водни, и се открија основите на вселената од страшниот глас Твој, Господи, од здивот на гневот Твој.
16Он посегна од висините, и ме прифати, па ме извлече од многуте води.
17А ќе ме избави од силните мои непријатели и од оние кои ме мразат, од оние што се посилни од мене.
18Тие се кренаа против мене во денот на мојата несреќа, но Господ беше потпора моја.
19Ме изведе Он на пространо место и ме избави, зашто ме засака.
20Ми воздаде Господ според мојата правда, и според чистотата на моите раце ме вознагради,
21зашто ги запазив патиштата на Господа и не се оддалечив од мојот Бог;
22оти сите заповеди Негови се пред мене, и наредбите Негови не ги отстранив од себе.
23Ќе бидам непорочен пред Него и ќе се пазам од беззаконија.
24И ќе ми воздаде Господ според мојата правда, и по чистотата на рацете мои пред очите Негови.
25Со светиите Ти постапуваш свето, со невин човек – си благ,
26со чистиот – чисто, а со лукавиот – според неговото лукавство,
27зашто Ти ги спасуваш угнетените и гордите ќе ги понизиш.
28Оти Ти го осветлуваш моето светило, Господи; мојот Бог ја осветлува темнината моја;
29Ти ќе ме избавиш од искушенијата, и со мојот Бог, и ѕид ќе прескочам.
30Бог мој, непорочен е Неговиот пат, Господовите зборови со оган се пречистени; Он е заштитник на сите, кои се надеваат на Него.
31Зашто, кој е Бог, освен Господа, и кој е Бог освен нашиот Бог?
32Бог е Оној Кој ме препашува со сила и ми поставува непорочен пат;
33ми ги прави нозете како на елен и ме поставува на височини;
34ми ги обучува рацете за борба, и мускулите мои ги прави да затегнуваат бакарен лак.
35Ти ми даде заштита за моето спасение, Твојата десница ме прифати, и Твоето воспитување ме исправи до крај; и тоа ќе ме научи.
36Ти ги рашируваш чекорите мои под мене, и нозете мои не се заморуваат.
37Ќе ги гонам непријателите мои и ќе ги стигнам, и не се враќам, додека не ги победам;
38ќе ги притиснам, и тие не ќе можат да опстанат, ќе паѓаат под нозете мои,
39зашто Ти ме препаша со сила за борба и ги покори пред мене оние, што станаа против мене;
40Ти ги натера во бегство непријателите мои, и ги истреби сите оние, што ме мразат;
41тие повикаа, но нема кој да ги спаси: и кон Господа, – но Он не ги чу;
42ќе ги иситнам како прав на ветар, ќе ги газам како кал по патиштата.
43Ќе ме избавиш од народ бунтовен, ќе ме поставиш за поглавар над народ, чии луѓе не познавав, и тие сега ќе ми служат;
44само по слух за мене ме слушаат туѓинците и ми се покоруваат;
45туѓинците бледнеат и треперат, излегувајќи од своите градови.
46Жив е Господ, и нека е благословен мојот Бог! И нека се превознесува Бог на моето спасение.
47Бог, Кој одмаздува за мене, Кој ми ги покорува народите,
48Избавител од моите гневни непријатели! Ќе ме возвисиш над оние, што стануваат против мене, и ќе ме избавиш од човек неправеден.
49Поради тоа Те исповедам преднародите, Господи, и ќе го воспевувам името Твое;
50Ти Кој величествено го спасуваш царот Свој иму правиш милост на Твојот помазаник Давида и на потомството негово – довека.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.