2 Летописи 26 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Владеењето на Озија; неговите успеси, неговата гордост и казна.

1Сиот народ го зеде Озија, кој имаше шеснаесет години, та го постави за цар на местото на таткото негов Амасија.

2Тој го изгради Елат и ѝ го врати на Јудеја, откако царот, таткото негов почина кај татковците свои.

3Озија имаше шеснаесет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет и две години; мајка му се викаше Јехолија од Ерусалим.

4Тој вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, токму онака, како што вршеше и татко му Амасија;

5прибегнуваше кон Бога во дните на Захарија, којшто учеше на страв Божји; и во оние денови, додека прибегнуваше кон Господа, Бог му помагаше.

6Тој излезе и се судри со Филистејците и ги разруши ѕидовите на Гет, и ѕидовите на Јавнија, и ѕидовите на Азот; ги изгради градовите во Азотската област и кај Филистејците.

7И Бог му помагаше против Филистејците и против Арапите, што живееја во Гур-Ваал, и против Меунците.

8И Амонитите му плаќаа данок на Озија; и се прочу името негово дури во египетските предели, зашто беше многу силен.

9Озија изгради кули во Ерусалим над аголните порти, над портите кон долината и на аголот, и ги зацврсти.

10Изгради кули и во пустињата, ископа и многу кладенци, бидејќи тој имаше многу добиток, како во низините, така и во рамнината, и земјоделци и градинари по планините и на Кармил, бидејќи го сакаше земјоделството.

11Озија имаше војска, која излегуваше во војна по одделенија, според она како што беа изброени во списокот, составен од раката на писарот Јеила, и надѕирателот Маасеја, под водството на Хананија, голем царски великодостојник.

12Сите оценачалници, храбри војници, беа на број две илјади и шестотини,

13и под команда на раката нивна имаше воена сила триста и седум илјади и петстотини души, кои влегуваа во битка со воинствена храброст, да му помагаат на царот против непријателот.

14И подготви Озија за нив, за целата војска, штитови и копја, шелмови и оклопи, лакови и камења за праќки.

15Направи во Ерусалим вешто измислени машини, да стојат на кулите и аглите, за да се фрлаат со нив стрели и големи камења. И се прочу името негово далеку, зашто се беше зацврстил чудно и беше станал многу силен.

16Но кога стана силен, се возгордеа срцето негово за негово загинување, и тој стана престапник пред Господа, својот Бог, зашто влезе во храмот Господов за да запали темјан на кадилниот жртвеник.

17По него отиде свештеникот Азарија и со него осумдесет Господови свештеници, одлични луѓе;

18тие му се противставија на царот Озија и му рекоа: »Не е твоја работа, Озија, да му кадиш на Господа; тое е работа на свештениците, синови Аронови, посветени за кадење; излези од светилиштето, зашто постапи незаконито, и тоа нема да ти биде за чест пред Господа Бога.«

19Се налути Озија, – а во раката негова имаше кадилница за кадење, и кога се налути на свештениците, се појави лепра на челото негово, пред лицето на свештениците во домот Господов, при кадилниот жртвеник.

20Го погледна првосвештеникот Азарија и сите свештеници; и ете, имаше лепра на челото свое. Го принудија да излезе оттаму, па и самиот тој брзаше да се оддалечи, зашто го порази Господ.

21И остана лепрозен царот Озија до денот на смртта своја, и живееше во посебна куќа и беше отстранет од домот Господов. А Јоатам, неговиот син, началствуваше над царскиот дом и управуваше со народот во земјата.

22Другите дела Озиеви, први и последни, ги опишал пророкот Исаија, син Амосов.

23И почина Озија при татковицте свои, и го пограбаа кај татковците негови во полето при царските гробници, зашто велеа, тој е лепрозен. А наместо него стана цар синот негов Јоатам.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help