Песна над песните 4 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Убавините на пријателката.Возљубениот:

1О, убава си, љубов моја, убава си! Очите твои се гулабови под твојот превез; косата ти е како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора;

2забите твои – како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња, и без јагне нема ниедна;

3усните твои – како алова панделка, а устата твоја слаткоречива; твоите јаготки под превезот твој се како половинки од калинка;

4вратот ти е – како Давидовата кула, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци;

5двете твои гради се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови.

6Додека денот на залади, и не одминат сенките, ќе одам на смирновата гора и на темјановиот рид.

7Цела си убава, мила моја, и дамка нема на тебе!

8Слези со мене од Ливан, невесто, слези и дојди од Ливан, од врвот на Аман, од врвот на Сенир и Аермон, од лавовските пештери, од леопардовите гори!

9Ти го освои срцето мое, сестричке невесто, го плени срцето мое со еден поглед на очите свои и само со веришката на вратот свој.

10О, колку е слатка љубовта твоја сестричке невесто! Послатка е љубовта твоја од вино, и пријатниот мирис од твоите масла е попријатен од сите ароми.

11Од устата твоја капе восочен мед, невесто, мед и млеко под јазикот твој, и мирисот на облеката твоја е како мирис ливански!

12Затворена градина е мојата сестричка невеста, извор затворен, кладенец запечатен;

13твојот насад е градина од дрвја со вкусни плодови, кипар и нард,

14нард и шафран, трска и цимет со секакви пријатно – мирисни дрвја, смирна и алој со најубави ароми,

15ти си градински извор, кладенец од жива вода, што истечува од Ливан.

Возљубената:

16Подигни се, ветре, од север, повеј и ти, ветре, од југ и повеј над градината моја, за да прострујат аромите нејзини! Нека дојде мојот возљубен во градината своја и нека касне од слатките плодови свои.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help