1Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова.
2Славете Го Бога на боговите, зашто е вечна милоста Негова.
3Славете Го Господа над господарите, зашто е вечна милоста Негова,
4Единиот Кој прави големи чудеса, заштое вечна милоста Негова;
5Кој премудро го создаде небото, зашто е вечна милоста Негова;
6Кој ја утврди земјата врз водите, зашто е вечна милоста Негова;
7Единиот Кој ги создаде големите светила, зашто е вечна милоста негова;
8сонцето – да управува со денот, зашто е вечна милоста Негова;
9месечината и ѕвездите – да управуваат со ноќта, зашто е вечна милоста Негова.
10Кој го порази Египет и провородените негови, зашто е вечна милоста Негова;
11Кој го изведе Израилот од средината нивна, зашто е вечна милоста Негова;
12со цврста рака и подигната мишка, зашто е вечна милоста Негова;
13Кој го раздвои Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова;
14и го преведе Израилот среде него, зашто е вечна милоста Негова;
15а Фараонот и војската негова ги фрли во Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова.
16Кој го преведе својот народ преку пустињата, зашто е вечна милоста Негова; Кој пушти вода од шилчеста крапа, зашто е вечна милоста Негова;
17Кој ги порази големите цареви, зашто е вечна милоста Негова;
18и ги погуби силните цареви, зашто е вечна милоста Негова;
19Сион, царот аморејски, зашто е вечна милоста Негова;
20и Ог, царот васански, зашто е вечна милоста Негова;
21и му ја даде земјата во наследство, зашто е вечна милоста Негова.
22во наследство на Својот слуга, Израилот, зашто е вечна милоста Негова;
23Кој се сеќава на нас во нашата смиреност, зашто е вечна милоста Негова;
24и нѐ избавува од непријателите наши, зашто е вечна милоста Негова;
25и Кој дава храна на секое тело, зашто е вечна милоста Негова.
26Славете Го небесниот Бог, зашто е вечна милоста Негова. Хвалете Го Господарот на господарите, зашто е вечна милоста Негова.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
