1 Летописи 14 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Давидовиот двор и победа над Филистејците.

1Тирскиот цар Хирам испрати при Давида пратеници, кедрови дрвја, и каменоделци, за да му изградат дом.

2Откако разбра Давид, дека Господ го утврдил за цар над Израилот, дека царството негово се воздигнува високо, заради народот негов Израилот.

3тој си зеде уште жени во Ерусалим, и му се родија уште синови и ќерки.

4Еве ги имињата на оние, што му се родија во Ерусалим: Сам, Совав, Натан и Соломон,

5Јевеар, Елисуј, Елифалет,

6Нагед, Нафат, Јафија,

7Елисам, Валијад, Елифалет.

8И слушнаа Филистејците, дека Давид бил помазан за цар над целиот Израил, и сите тие се кренаа да го бараат Давида. А Давид, откако разбра, излезе против нив.

9Филистејците дојдоа и се распоредија во Рефаимската долина.

10Давид го праша Бога, велејќи: »Да одам ли против Филистејците, и ќе ги предадеш ли во рацете мои?« Господ му одговори: »Оди, Јас ќе ги предадам во рацете твои.«

11Тие отидоа во Ваал-Фарасин, и таму ги порази Давид. И рече Давид: »Бог ги пресече моите непријатели преку раката моја како воден пролом.« Затоа и го нарекоа тоа место Ваал-Фарасин.

12И Филистејците ги оставија боговите свои таму, а Давид заповеда, та ги изгореа со оган.

13И пак дојдоа Филистејците и се улогорија во долината.

14Давид пак го праша Бога, и Бог му одговори: »Не оди право во пресрет нивни, туку скршни од нив и оди кон нив откај црниците;

15и кога ќе чуеш шум како од врвеж по црничини врвови, тогаш почни ја борбата, зашто Бог ќе излезе пред тебе, за да го порази филистејскиот логор.«

16Давид направи така, како што му заповеда Господ, и го порази филистејскиот логор, од Гаваон до Газер.

17И Давидовото име се разнесе по сите земји, и Господ го направи страшно за сите народи.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help