Псалми 80 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Вистинско празнување.

1Радувајте се во Бога, нашиот помошник, воскликнете кон Бога Јаковов;

2запејте песна, удрете во тимпан, во милозвучно гусле со псалтир;

3затрубете со труба во новомесечје, во определено време, во денот на вашиот празник,

4зашто тоа е закон за Израилот, наредба од Бога Јаковов.

5Он го установи тоа како сведоштво за Јосифа, кога тој излезе од Египетската земја, каде што чу јазик, што не го знаеше:

6»Јас го симнав товарот од рамениците негови, и му ги ослободив рацете негови од кошницата.

7Во маката своја ти Ме повика, и Јас те избавив; при гром те чув, кај водите на Мерива те испитав.

8Чуј, народе Мој, и Јас ќе ти посведичам, ако Ме послушаш, Израиле!

9Да немаш друг бог и дане му се клањаш на друг земен бог.

10Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од Египетската земја; отвори ја устата своја, и Јас ќе ја исполнам.

11Но мојот народ не го послуша гласот Мој, и Израилот не Ми се поклони;

12затоа Јас ги оставив на нивните упорни срца; нека одат по мислите свои.

13О, да беше Ме послушал Мојот народ и Израилот да одеше по Моите патишта,

14веднаш ќе ги смирев нивните непријатели и ќе ја свртев раката Своја против оние што го оскрбуваа.«

15Оние, што го мразат Господа, сакаа да Му се приближат, и нивното дружење би продолжило за секогаш;

16ќе ги хранев со најдобра пченица и ќе ги наситував со мед од камен.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help