Броеви 17 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Ароновата патерица процветува.

1И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

2»Кажи им на синовите Израилеви и земи од нив по еден жезал од колено, по еден жезал од секој нивни кнез, дванаесет жезла, и името на секој напиши го на жезалот;

3Ароновото име напиши го на Левиевиот жезал, зашто тие треба да дадат еден жезал, според племето на нивниот род,

4и стави ги во скинијата на сведоштвото, пред ковчегот на откровението, каде што ви се јавувам;

5и кого Јас ќе го одберам, и неговиот жезал ќе го расцутам; и така ќе го отстранам ропотот на синовите Израилеви, што го креваат против вас.«

6И им рече Мојсеј на синовите Израилеви, и сите началници нивни им дадоа, од секој началник по еден жезал, дванаесет жезла, според кнежествата свои и родовите нивни; и Ароновиот жезал беше меѓу жезлата нивни.

7Тогаш Мојсеј ги постави жезлата пред лицето Господово во скинијата на сведоштвото.

8На вториот ден влезе Мојсеј и Арон во скинијата на сведоштвото, и ете, Ароновиот жезал, од Левиевиот дом, беше потерал, пуштил гранчиња, процутил и родил ореви.

9И ги изнесе Мојсеј сите жезли од лицето Господово пред сите синови Израилеви; и тие го видоа тоа и секој си го зеде својот жезал.

10И му рече Господ на Мојсеја: »Постави го пак Ароновиот жезал пред ковчегот на откровението да се чува, како претсказание за непокорените, па ропотот против Мене да престане и тие да не изумрат.«

11И Мојсеј и Арон направија така, како што му заповеда Господ на Мојсеја, така направија.

12И му рекоа синовите Израилеви на Мојсеја: »Ете, ние се требиме, гинеме, исчезнуваме;

13секој, што се приближува кон скинијата на сведоштвото Господово, умира: дали ќе изумреме така сите?«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help