2 Летописи 17 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Јосафатовото царување.

1Наместо него стана цар синот негов Јосафат, којшто се зацврсти против Израилците.

2Тој распореди војски по сите утврдени градови на Јудеја и постави стражи по земјата Јудејска и по градовите Ефремови, што ги беше завладеал татко му Аса.

3И Господ беше со Јосафата, зашто одеше по правите патишта на таткото свој Давид и не ги побара Вааловците,

4туку Го побара Бога на таткото свој и постапуваше по Неговите заповеди, а не по делата на Израилците.

5И Господ го зацврсти царството во рацете негови; сите Јудејци му носеа подароци на Јосафата; тој се здоби со големо богатство и слава.

6Срцето негово му се возвиси во Господовите патишта; притоа тој ги премавна оброчиштата и младите шуми во Јудеја.

7А на третата година од царувањето ги испрати кнезовите свои Бенхаил, Овадија, Захарија, Натанаила, и Михеја да го поучуваат народот по Јудините градови,

8и со нив левитите: Семаја, Нетанија, Зевадија, Азаила, Семирамота, Јонатана, Адонија, Товија и Тов-Адонија, а со нив уште и свештениците Елишам и Јорам.

9Тие ги подучуваа Јудејците, носејќи ја со себе книгата на законот Господов; ги обиколуваа сите јудејски градови и го учеа народот.

10И ги обзеде страв Господов сите земни царста околу Јудеја, и не војуваа со Јосафата.

11А од Филистејците му носеа на Јосафата дарови и сребро за данок; исто така и Арапите му донесуваа ситен добиток: седум илјади и седумстотини овни и седум илјади и седумстотини јарци.

12Се издигаше Јосафат сѐ повеќе, и изгради во Јудеја домови градови и тврдини.

13Тој имаше големо богатство во јудејските градови, а во Ерусалим – храбри борци.

14Еве го нивниот список според домовите на татковците нивни: од Јуда илјаданачалници: Адна водач, којшто имаше триста илјади храбри војници;

15по него Јоанан началник, кој имаше двесте и осумдесет илјади;

16по него Амасија, Зихриев син, кој се беше посветил на Господа; тој имаше двесте илјади силни војници.

17Од Венијамина: храбриот војник Елијад, кој имаше двесте илјади вооружени со лак и штит;

18по него Јозавад, кој имаше сто и осумдесет илјади вооружени војници.

19Ете, тие му служеа на царот, освен од оние, што ги беше распоредил царот во утврдените градови по цела Јудеја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help