1Јоатам беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години; мајка му се викаше Јеруса, Садакова ќерка.
2Тој вршеше она што Му беше угодно пред очите на Господа, токму онака како што правеше Озија, таткото негов, само што не влегуваше во Господовиот храм, а народот сѐ уште грешеше.
3Тој ја изгради и горната врата на домот Господов и изгради многу нешто на ѕидот Офел;
4изгради и градови во Јудејската планина, а во горите изгради дворци и кули.
5Тој војуваше со царот на Амонитите и ги победи, и Амонитите му дадоа во таа година сто талатни сребро и десет илјади мери пченица и десет илјади мери јачмен. Тоа му го даваа Амонитите и во втората и третата година.
6Затоа Јоатам беше толку силен, бидејќи ги управуваше патиштата свои пред Господа, својот Бог.
7Другите дела на Јоатама и сите негови војни и однесување се опишани во книгата на царевите израилски и јудејски.
8Тој беше на дваесет и пет години кога стана цар, а царуваше шеснаесет години во Ерусалим.
9И почина Јоатам при татковците свои, и го погребаа во Давидовиот град. И наместо него стана цар синот негов Ахаз.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
