1Фали Го, душо моја, Господа!
2Ќе Го фалам Господа додека сум жив; ќе Му пеам на мојот Бог додека постојам.
3Не надевајте се на кнезовите и на синовите човечки, во нив нема спасение.
4Излегува духот негов, и тој се враќа во земјата своја: во тој ден исчезнуваат сите негови помисли.
5Блажен е ониј, кому му е помошник Јакововиот Бог и чија надеж е во Господа, неговиот Бог,
6Кој го создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив, Кој вечно ја пази вистината,
7Кој врши суд на навредени, им дава леб на гладни; Господ крши окови на затворени.
8Господ им ги отвора очите на слепите, Господ ги исправа подгрбавените, Господ ги сака праведните.
9Господ ги пази придојдените, ги поддржува сираците и вдовиците, а патот на грешниците го разурнува.
10Господ ќе царува вечно; твојот Бог, Сионе, е од род в род.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
