Римјаните 10 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Израилот гледаше својата правда да ја утврди и поради тоа не најде оправдување кое е од вера.

1Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога е да се спаси Израилот.

2Јас им сведочам дека тие имаат ревност за Бога, но не по разумот.

3Зашто, не познавајќи ја правдата Божја и гледајќи да ја воспостават својата правда, тие не ѝ се покорија на Божјата правда,

4бидејќи свршетокот на Законот е Христос, преку Кого ќе биде оправдан секој што верува.

5Мојсеј пишува за оправданието од Законот: »Кој ќе го исполни, тој ќе биде преку него жив«.

6А оправданието на верата вели: »Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се возвиси на небото?«, односно да Го симне Христа, –

7или, »Кој ќе слезе во бездната?«, односно да Го изведе Христа од мртвите!

8Но што вели Писмото: »Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце«, односно словото на верата, што го проповедаме,

9оти, ако со устата Го исповедаш Господа Исуса и со срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш;

10бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.

11Пак и Писмото вели: »Секој, кој верува во Него, нема да се посрами«.

12Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите, кои Го призовуваат.

13Бидејќи, секој, кој го призове името Господово, ќе се спаси.

14Но како ќе Го призоват Оној, во Кого не поверувале? Како, пак, ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?

15И како ќе проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: »Колку им се убави нозете на оние, што благовестат мир, кои го благовестат доброто«.

16Но Благовестието сите не го послушаа. Оти Исаија вели: »Господи, кој поверува во нашето проповедање?«

17И така, верата доаѓа од слушање, а слушањето – од словото Божјо.

18Но велам: зар тие не чуја? Напротив, »Гласот им се разнесе по целата земја, и зборовите нивни – до краиштата на вселената«.

19Пак велам: зар Израилот не разбра? Прв Мојсеј кажа: »Јас ќе возбудам во вас ревност не преку ништожен народ, туку преку неразумен народ«.

20А Исаија смело рече: »Ме најдоа оние, кои не Ме бараа, им се открив на оние, кои не прашаа за Мене«.

21За Израилот, пак, вели: »Постојано ги подавав рацете Свои кон народ непослушен и упорен«.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help