1Во тој ден царот Артаксеркс ѝ го даде на царицата Естира домот на Амана, непријателот на Јудејците; а Мардохеј влезе пред лицето на царот, зашто Естира беше соопштила што ѝ е тој.
2И царот го извади прстенот свој, што го беше одзел од Амана, и му го даде на Мардохеја; а Естира го постави Мардохеја за надзорник на Амановиот дом.
3И Естира говореше уште пред царот, падна пред нозете негови, плачеше и го молеше да ја измени злобата на Вугеецот Амана и плановите негови, што беше ги скроил против Јудејците.
4Царот го подаде кон Естира златниот жезал; Естира стана и застана пред лицето на царот,
5па му рече: »Ако му е на царот угодно, ако сум нашла милсот пред неговото лице, а тоа дело биде справедливо пред лицето на царот, нека се напише, да се вратат писмата според замислата на Вугеецот Амана, син Амадатов, кој беше пишал за погубувањето на Јудејците во сите цареви области;
6зашто, како би можела да ја гледам неволјата, што ќе го снајде мојот народ, и како би можела да го гледам загинувањето на моите сродници?«
7Тогаш царот Артаксеркс им рече на царицата Естира и на Јудеецот Мардохеја: »Еве, јас ѝ го дадов на Естира домот на Амана, и самиот него го обесив на бесилка, поради тоа што беше кренал рака на Јудејците;
8напишете и вие за Јудејците, она што ви е угодно, од името на царот и потпечатете го со царскиот прстен, зашто писмо, напишано од името на царот и потпечатено со царски прстен, не може да се измени.«
9Веднаш беа повикани царските писари во третиот месец, односно, во месецот Сиван, на дваесет и третиот ден, и беше напишано сѐ онака, како што заповеда Мардохеј, до Јудејците и до сатрапите, до обласните наместици, до управниците на областите од Индија до Етиопија – сто и дваесет и седум области на секоја област со нејзиното писмо и до секој народ на неговиот јазик и до Јудејците со нивните писма и на нивни јазик.
10И беа напишани писма од името на царот Артаксеркс, ги потпечати со царкиот прстен и им ги испрати по брзоодци на коњи, на камили и на царски мулиња,
11дека царот им довозлува на Јудејците, што се наоѓаат во секој град да се соберат и да го заштитат својот живот, да ги истребат, убијат и погубат сите силни во народот и во областа, кои постапуваат непријателски спрема нив, децата и жените, а имотот нивни да го разграбаат
12во еден ден по сите области на царот Артаксеркс, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, односно, во месецот Адар. А еве го преписот од таа повелба: »Великиот цар Артаксеркс до началниците од Индија до Етиопија над сто и дваесет и седум области и до властите, наши доброжелатели, поздрав! Мнозина, по извонредната добрина на благодетелите, штедро наградувани со почести, прекумерно се возгордеаја и не само што сакаат да им причинуваат зло на нашите поданици, туку, неможејќи да ја наситат гордоста, се обидуваат да коваат заговори против самите свои добротвори; не само што го губат чувството на човечка признателност, туку, китејќи се со гордоста на безумните, престапно мислат да го одбегнат судот на Бога, Кој секогаш си гледа. Но често и мнозина, бидејќи се облечени со влат, за да ги уредуваат работите на пријателите што им ги довериле работите, со своето убедување ги прават виновници во пролевањето на невина крв и поттикнуваат на непоправливи зла, при што со вешто сплетени лаги ја измамуваат добрата намера на владетелите. Тоа може да се види не толку од древните истории, како што рековме, колку од делата, престапно извршувани пред вас со злобата на недостојни вршители на власта. Затоа, за во иднина треба да се погрижиме да уредиме во царството да има за сите луѓе мир, да не допуштиме измени, но појавуваните дела да ги разгледуваме со нужна претпазливост. Така Аман Амадатов, Македонец, поправо туѓ на персиската крв и многу далеку од нашата благост, бидејќи беше примен кај нас на гости, се здоби со благонаклоност, што ја имаме кон секој народ, дотолку, што беше прогласен за наш татко и почитуван од сите, при што претставуваше втор човек при царскиот престол; но, бидејќи не ја скроти гордоста, замисли да нѐ лиши од власта и душата, а нашиот спасител и секогаш благодетел Мардохеј и непорочната соучесничка на царството Естира со сиот нивни народ се стремеше да ги погуби со разни сплетки. На тој начин тој мислеше да ни остави без луѓе, а персиската држава да им ја предаде на Македонците. Но ние наоѓаме, дека Јудејците, осудени од тој злосторник на истребување, не се злосторници, туку живеат според најправедните закони, како синови на Севишниот, живиот Бог, Кој ни го подари нам и на нашите прадедовци царството во најдобра состојба. Затоа ќе направиме добро, да не ги исполниме писмата што Аман Амадатов ги испрати; зашто тој, што го изврши тоа е обесен со целиот дом свој при портата на Суза според волјата на Бога, Кој господари над сѐ и Кој скоро му даде заслужен суд. А откако ќе го изложите јавно на секое место преписот од оваа повелба, оставете ги Јудеците да се користат со своите закони и помагајте им, за да можат на оние, што ќе се кренат против нив во времето на жалоста, да им се одмаздат на тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец Адар, во истото тој ден. Зашто, Бог, Кој владее над си, наместо гибел на избраниот род, им подготви таква радост. И вие, меѓу видните ваши празници, празнувајте го и овој бележит ден со секаква веселба, та сега и после да се памети спасението за нас и за благорасположените кон нас Персите и за гибел на оние, што ни коваа заговори. Секој град или област воопшто, која нема да го исплни ова, ќе биде безмилосно опустошена со меч и оган и ќе стане не само невозможна за живеење на луѓе, туку и одвратна за ѕверовите и птиците засекогаш.
13Препис од таа повелба да се испрати до секоја област, како закон, објавен за сите народи, та Јудејците да бидат готови за тој ден да им се одмаздат на непријателите свои.«
14Брзоодците, јавнати на брзи царски коњи, тргнаа скоро и брзаа со царката заповед. Повелбата беше објавена и во престолнината Суза.
15Тогаш Мардохеј излезе од царот во царски сини и бели алишта, со голем златен венец и во ленена и пурпурна облека. Градот Суза се развесели и се зарадува.
16Кај Јудејците тогаш имаше светлина и радост, веселба и свеченост.
17И во секоја област, во секој град и секое место, каде што ќе стигнеше заповедта на царот и неговата повелба, настануваше радост, веселба, гозба и празник за Јудејците. И мнозина луѓе од народите во земјата станаа Јудејци, зашто ги беше обзел страв од Јудејците.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.