Евреите 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Скинијата и жртвата на Стариот завет е несовршена. Само Христовата жртва е потполна и доволна за помирување.

1Така и во првиот Завет имаше наредби за богослужение и земно светилиште;

2оти скинијата беше направена вака: во првиот дел светилникот, трпезата и лебовото предложение; тој дел наречен »Свјатаја«.

3А зад втората завеса од скинијата беше делот, наречен »Свјатаја Свјатих«;

4во неа се наоѓаше златната кадилница и од сите страни опкован со злато Ковчегот на заветот, во кој стоеја златниот сад со мана и расцутениот жезал на Арона, како и плочите на заветот,

5а над него – херувими на славата што го осенуваа чистилиштето; за ова сега нема потреба да се зборува поопширно.

6При ваков распоред, во првиот дел од скинијата секогаш влегуваа свештениците и извршуваа служба Божја;

7а во вториот дел влегуваше по еднаш во годината првосвештеникот и тоа не без крв, што ја принесуваше како жртва за себеси за гревовите на народот, направени поради незнаење.

8Преку ова Светиот Дух покажуваше дека уште не е отворен патот за Светилиштето, сѐ додека стои првата Скинија,

9која е образ на сегашното време, во кое се принесуваат дарови и жртви, кои не можат да го направат совршен по совеста оној што служи,

10освен во јадењата и пиењата, и во разни миења и телесни обреди, установени до времето на поправањето.

11Но Христос, кога стана Првосвештеник на идните блага, со поголема и со посовршена скинија, неракотворна, односно не онаква, каква што се прави на земјата,

12ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп.

13Зашто, ако крвта на јунче и јарец, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите, за очистување на телото,

14тогаш, колку ли повеќе крвта на Христа, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела, за да Му служиме на живиот и вистински Бог.

15Затоа е Он посредник на Новиот завет, та по Неговата смрт, што стана за откуп на престапите од времето на првиот завет, призваните да го добијат ветеното вечно наследство.

16Оти, каде што има завет, таму е неопходно да следува смртта на заветувачот,

17бидејќи заветот добива сила само по смртта; тој нема никаква сила додека е заветувачот жив.

18Поради тоа ни првиот завет не беше утврден без крв.

19Зашто Мојсеј, откако ги прочита сите заповеди од Законот поред сиот народ, зеде крв телешка и јарешка со вода, и со црвена волна и со исоп ја пороси како самата книга, така и сиот народ,

20велејќи: »Ова е крвта на заветот, што ви го вети Бог«.

21Исто така со крв ги попрска и скинијата и сите садови за служење на Бога.

22И скоро сѐ според Законот со крв се очисти, и без проливање крв проштевање не станува.

23И така, образите небесни требаше да се очистат на таков начин, а самото небесно со подобри жртви од овие.

24Зашто Христос влезе не во ракотворно светилиште, кое е само образ на вистинското, туку во самото небо, за да се јави сега пред лицето на Бога за нас;

25и не да се принесува Себе како жртва повеќепати, како што првосвештеникот влегува во Светилиштето секоја година со туѓа крв.

26Инаку, Он би требало многупати да страда од созданието на светот. А сега еднаш за секогаш, до крајот на вековите, се јави за да го премавне гревот, откако се принесе Сам Себе како жртва.

27И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд,

28така и Христос, откако еднаш се принесе Самиот Себе како жртва, за да ги премавне гревовите на мнозина, вторпат ќе им се јави, не станувајќи веќе жртва за грев на оние што Го очекуваат за спасение.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help