1А кога Самуил остаре, ги постави своите синови за судии над Израилот.
2Името на поголемиот син негов беше Јоил, а името на вториот син негов – Авија; тие беа судии во Вирсавија.
3Но синовите негови не одеа по неговите патишта, туку се впуштија во користољубие – земаа подароци и судеа криво.
4Тогаш се собраа сите старешини Израилеви, дојдоа при Самуила во Арматем
5и му рекоа: »Ете, ти остаре, а синовите твои не одат по патиштата твои. Затоа постави ни цар, кој ќе ни суди, како што е кај другите народи.«
6Овие зборови не му беа пријатни на Самуила, кога рекоа: »дај ни цар, кој ќе ни суди.« И Самуил Му се помоли на Господа.
7А Господ му рече на Самуила: »Чуј го народниот глас во сѐ, што ти говорат; зашто тие не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене, за да не царувам над нив;
8како што постапуваа од оној ден до денес, кога ги изведов од Египет, откако Ме оставија и им служеа на други богови, така постапуваат и со тебе;
9затоа, послушај го гласот нивни; само изложи им ги и објави им ги правата на царот, што ќе царува над нив.«
10И Самуил им ги соопшти сите тие зборови Господови на народот, кој бараше од него цар,
11и рече: »Еве, какви ќе бидат правата на царот, што ќе царува над вас: тој ќе ги зема синовите ваши и ќе ги прави свои колари и свои коњаници и тие ќе одат пред колите негови;
12и ќе ги постави да му бидат илјадници и педесетници, да му ги обработуваат нивите, да го жнеат житото и да му прават војничко оружје и сѐ што е потребно за колите негови;
13ќе ги зема ќерките ваши за да прават миризливи масла, да готват јадења и да печат леб;
14ќе ви ги зема најдобрите ваши ниви, лозја и маслинови градини и ќе им ги дава на слугите свои;
15ќе зема десеток од посевите ваши и од лозјата ваши и ќе им го дава на евнусите свои и на слугите свои;
16ќе ги зема робовите ваши и робинките ваши, најдобрите момци ваши и ослите ваши и ќе ги употребува за своја работа;
17ќе зама десеток од вашиот ситен добиток, а вие сами ќе му бидете робови;
18тогаш ќе заофкате од царот свој, што сте го избрале, и Господ нема да ви одговори тогаш.«
19Но народот не сакаше да го послуша гласот на Самуила и рече: »Не, нека има цар над нас,
20и ние ќе бидеме како другите народи – ќе ни суди нашиот цар и ќе оди пред нас, и ќе ги води нашите војни.«
21И Самуил, откако ги ислуша сите тие зборови на народот, Му ги кажа на Господа.
22И Господ му рече на Самуила: »Послушај го гласот нивни и постави им цар.« И Самуил им рече на Израилците: »Одете секој во својот град!«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
